1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Оваа интернет страница (www.urma.mk) е во сопственост на УРМА ДОО Скопје и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години.
Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење па затоа пред да ја користите нашата интернет страница ве молиме внимателно да ги прочитате.
УРМА ДОО Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.
Доколку не се согласувате со било кој дел од услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат.
Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:
(i) Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата www.urma.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги.
(ii) Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на УРМА ДОО Скопје на интернет страницата www.urma.mk.
За корисникот кој стапува во деловен однос со УРМА ДОО Скопје се применуваат овие услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
2. ПОНУДИ, ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ
Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.
УРМА ДОО Скопје го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели за неодреден период, без претходно известување.
Рокот за плаќање е веднаш при пласирање на нарачката.
Нарачката нема да се смета за извршена доколку не е извршена трансакцијата за плаќање.
Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на овластена банка.
За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка.
УРМА ДОО Скопје нема било каква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка, односно доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, и УРМА ДОО Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
3. ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ
Испораката се врши на местото кое како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точни адреса и доволно насоки за да може доставата да се изврши од страна на УРМА ДОО Скопје.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, УРМА ДОО Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на производите во градот Скопје е бесплатна за секоја нарачка чија вредност изнесува над 1.500,00 денари, а во спротивно се плаќа фиксен надомест од 110,00 денари.
Со исклучок на доставата на производи во градот Скопје, за достава до други места низ Република Северна Македонија се наплаќа фиксен надоместок од 150,00 денари, без оглед на цената на нарачаните производи.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
УРМА ДОО Скопје го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои УРМА ДОО Скопје не е во можност со преземање на разумни дејствија да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот на УРМА ДОО Скопје, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
4. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од УРМА ДОО Скопје има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од УРМА ДОО Скопје вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки, со исклучок на одредени производи за кои постојат дополнителни услови уредени со овие услови за користење.
Производите кои вклучуваат шминка, козметички производи, чорапи, долна облека и костуми за капење мораат да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од УРМА ДОО Скопје, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од УРМА ДОО Скопје, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на УРМА ДОО Скопје.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во УРМА ДОО Скопје.
5. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.
Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.