LOM Snake Kimono

Unisex

3,600.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , ,

Опис

Унисекс Кимоно инспирирано од јапонската култура и движењето на змијата.
Ова модно парче облека може да се носи како кимоно, фустан или како ноќна наметка.
Содржи широки кимонo ракави, крагња во изразена лимета зелена боја, појас со кој може да
се врзе околу половината или да се отстрани, како и два шлицови кои овозможуваат елегантно
и слободно движење.
Нежниот црн материјал додава пријатно чувство на кожата. Уметничкиот принт на грбот
претставува процес на трансформација на една змија, односно метаморфоза која што и
човекот ја поминува во текот на животот.
Кимоното е рачно изработено од мешавина на вискоза со полиестер, додека пак крагњата на
кимоното е изработена од 100% сирова свила, шантунг свила.
 Инструкции за одржување:
Внимателно рачно перење во ладна вода, користете нежен детергент за облека.
Не тријте и превиткувајте го кимоното, оставете го да виси и да се цеди вишокот вода.
Пеглајте на ниска температура од внатрешната страна. Не пеглајте врз принтот.
Грижете се за вас и за вашето кимоно ♡

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.