MIRJANA JOSIFOSKA Свилена марама

1,290.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , , ,

Опис

Опис:
Свилена марама наменета да биде носена околу:
вратот, косата или како топ. Изработена од 100%
свила, сошиена со екстремно блиски штепови до
рабовите и декорирана со конец од свила и рачно
сошиена ткаена етикета со логото на брендот.
Достапна во бебешко розева, капучино и бела
боја.
Големина:
• 70 х 70 цм
Детали и одржување:
• 100% свила
• Хемиско или перење на рака
• Дизајнирано и произведено во Македонија

Мирјана Јосифовска е модна дизајнерка препознаена по својот бренд на уникатно и рачно создадени шапки, со употреба на занаетчиски техники. Овие модни додатоци се одржливо дизајнирани и етички произведени во Македонија, создадени од материјали од природно потекло или рециклиран текстилен материјал.

Инспирацијата за колекцијата доаѓа од прекрасните полиња со лаванда во
Тиквешкиот регион од нашата земја. Колекција на модни додатоци вклучува: шапки,
свилени стегачи за коса и марами. Материјали употребени во колекцијата се: лен,
свила, памук и вискоза. Како бренд кој се стреми да работи одржливо, сите модни
додатоци се декорирани со штепови со конци од: свила, памук и вискоза, кои се
поеколошки од полиестерските конци.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.