PINC PARTYWEAR NICA Топ

2,100.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , Ознака:

Опис

PINC PARTYWEAR постои од 2019 година и е основан од Вера Ангелако и Сара Крстевска. PINC Partywear e млад бренд кој дизајнира и рачно произведува високо квалитетни парчиња облека за жени. Парчињата се дизајнирани за забави и социјални настани, имаат женствена естетика и чист минималистички дизајн..

Честа инспирација се модата и лафстајлот на моделите од 90тите години.

Со добро осмислен дизајн PINC Partywear успеа да креира парчиња што станаа класика во плакарот на жените кои не се плашат да ја покажат сопствената женска страна.

Овој бренд работи на нов модерен пристап: Наместо да да го следи модниот календар кој налага најмалку 4 сезонски колекции во годината – PINC PARTYWEAR своите дизајни ги претставува самостојно. Односно секој фустан, топ или панталони се третирани како поединечен продукт. Така се стремат кон не-сезонски дизајн и му пркосат на конзумирањето на мода преку трендови.

На пример фустанот Бела е дизајниран и пуштен во продажба во 2019 година. После три години дизајнот е сеуште актуелен, кројот е усовршен, а материјалите постојано се подобруваат.

НИКА ТОПОТ Е НАПРАВЕН ОД ДУПЛО ЕЛАСТИЧНО ЖЕРСЕ. ИМА WRAP-AROUND ДИЗАЈН, СЕ ЗАКОПЧУВА СО МЕТАЛНИ КОПЧИЊА НА ВРАТОТ И ПОЛОВИНАТА.
ОВОЈ ТОП Е PERFECT MATCH СО НИКА ПАНТАЛОНИТЕ

ДОСТАПНИ ВЕЛИЧИНИ
S, M, L
БОЈА
ЦРНА

МОДЕЛОТ НОСИ ВЕЛИЧИНА S
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФО ЗА ВЕЛИЧИНАТА ПРОВЕРЕТЕ ГО НАШИОТ ВОДИЧ ЗА ВЕЛИЧИНИ

МАТЕРИЈАЛ
ЕЛАСТИЧНО ЖЕРСЕ
95% POLYESTER
5% ЕЛАСТИН

ИНСТРУКЦИИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ:
ВНИМАТЕЛНО РАЧНО ПЕРЕЊЕ ВО МЛАКА ВОДА
КОРИСТЕТЕ НЕЖЕН ДЕТЕРГЕНТ ЗА АЛИШТА
НЕ ТРИЈТЕ И НЕ ПРЕВИТКУВАЊЕ
НЕМА ПОТРЕБА ОД ПЕГЛАЊЕ

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.