Ииии конечно роденден! Многу сакаме родендени. Мојот вистиснки роденден е на 1 јануари и цел живот никогаш никој не ми честиташе освен домашните и некои ептен блиски пријатели кои ќе се сетат подоцна во текот на денот. Денеска веќе тоа не е така, зошто и да заборават дека ми е роденден, одма ќе им текне да ми честитаат кога ќе видат story на Insta. 😊
Затоа решив овој ден, роденденот на URMA, да го славам со иста возбуда како да сум се родила јас лично.
Донекаде, така и е. URMA е дел од мене, создадена во едно време-невреме, пандемија, постпородилна депресија, исправање на избрзани одлуки во минатото и реализирање на нешто што отсекогаш сум сакала да го правам, но не сум можела да го најдам вистинскиот пат за да го реализирам.
Во оваа година, што беше полна со сериозни предизвици, јас и мојата сестра-колешка храбро издржавме. Во поголем дел од годината функциониравме телефонски/онлајн затоа што јас повторно бев оправдано отсутна. Менаџирањето на сите обврски кои ги делиме јас и Анастасија подеднакво беше проследено со многу ups and downs, разговори, плачки, смешки, кавги, смеење, чудење, учење, пеење, пакување нарачки и неколку заслужени споени неработни денови кои сами на себе си ги дадовме.
Лансиравме неколку брендирани производи URMA кои беа за прв пат забележани и сме многу среќни што внесуваме свежина на пазарот. Остваривме многу соработки кои претежно се со локални брендови кои многу сакаме да ги подржуваме. Посебно сме горди на нашата кампања со која ги издвоивме жените сорботнички и во иднина ќе продолжиме да ги подржуваме женските локални бизниси. Го лансиравме и нашиот блог за кој не верувавме дека ќе има толку голем интерес. Имавме амбициозни погледи кон истиот и сѐ уште се стремиме да ги достигнеме зацртаните бројки и содржини во нашата глава. 😊
Ја лансиравме и нашата ПОДАРОТЕКА, што нѐ издвојува како единствената продавница во Македонија која има подаротека, односно регистар за подароци, што може супер да ви послужи за претстојните родендени, свадби, матурски, дипломски прослави, итн. 😊
И за на крај, најсреќни сме што целата наша работа беше препознаена од АЕТМ и ГЕА и ни беше доделено признанието за најуспешна новоотворена е-продавница водена од жени. ❤️
За нај на крај, сакаме да им се заблагодариме на сите оние кои работат заедно со нас цела измината година за URMA да биде таква слатка како што е. Јована, Дамјан, Цобе, Петра, Ања Калин, Сандра, Љубе, Ања, Стефани, Стефи, АТЕМ и ако заборавивме некој навистина нека не ни замерува. 😊
Ве сакаме,
Анастасија и Александра