Ние во Urma освен за изборот на производите кои ги нудиме, сме целосно посветени и се грижиме за Вашето право да бидете информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и ги користите нашите услуги како и за Вашето право на заштита на лични податоци.
Ве информираме дека Urma ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас.
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.
За цел полесно дефинирање на поимите во оваа политика за приватност ќе се водиме според тоа како истите се дефинирани и во самиот Законот за заштита на лични податоци.
1. ДЕФИНИЦИИ
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
„Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците;
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
„Директен маркетинг“ е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација;
2. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРОТ И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор на личните податоци е:
Урма Доо Скопје
Бул. 8 Септември бр. 3-2/30
1000 Скопје
Тел: 076 383 888
E-mail: [email protected]
Веб-страница: www.urma.mk
Офицер за заштита на лични податоци е:
Нина Шалтановска Белчева
Тел: 076 383 888
E-mail: [email protected]
Веб-страница: www.urma.mk
3. ОСНОВ И ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА И КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ
Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со Urma, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци во делот: Моја сметка, Зачлени се, Регистрација, Најава, Контакт, претплата на е-билтен и на останатите делови на веб-страницата, а со цел процесирање на извршени нарачки, маркетинг активности доколку истото е одобрено од страна на корисникот, техничка оптимизација и мониторирање на веб-страницата, како и да одговориме на поставените прашања во делот за контакт.
Освен Вашата согласност за обработка на личните податоци, кога станува збор за враќање или замена на производи, основ за обработка на Вашите лични податоци е и обврската која ја имаме согласно закон.
Urma ги собира следните категории на лични податоци:
Во делот Моја сметка, Регистрација се собираат следниве податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Телефонски број
- Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред
Во делот Зачлени се, се собираат следниве податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Телефонски број
- Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред
Во делот Најава, се собираат следниве податоци
- Лозинка
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред.
Вашите податоци се споделуваат со трети страни/екстензии како Google, MailChimp, Facebook и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:
- Google: https://policies.google.com/privacy
- Facebook: https://www.facebook.com/policy.php
- MailChimp: https://mailchimp.com/legal/privacy/
4. КУПУВАЊЕ НА ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР
Urma нуди различни видови на вредносни ваучери, кои може да ги подарите на други лица.
За оваа услуга корисникот со Urma ги споделува следниве лични податоци:
Име и презиме на купувачот на вредносниот ваучер, e-mail адреса на купувачот на ваучерот.
Покрај овие податоци корисникот на услугата потребно е да сподели со Urma и податоци и за лицето за кое е наменет вредносниот ваучер.
Име и презиме, e-mail, телефонски број и адреса за лицето за кое е наменет вредносниот ваучер на кого корисникот сака да го подари истиот како и други доброволно дадени податоци од страна на нарачателот.
Податоците на лицето за кое е наменет вредносниот ваучер ќе бидат обработувани само за да се реализира нарачката на вредносниот ваучер и нема да бидат користени за други активности без согласност на лицето за кое е наменет вредносниот ваучер.
5. РОК ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите податоците се зачувуваат на сервер кој има firewall, SSL енкрипција и регуларно се скенира за malware и се задржуваат сè до исполнување на целта за која што се дадени.
Односно сè дури корисникот не достави барање за бришење на податоците или истите не се во согласност со законските одредени рокови за чување на даден тип на податоци предвидени според интерните политики за чување на лични податоци на УРМА ДОО.
6. ПЛАЌАЊЕ НА URMA
Кога купувате на нашата веб-страница, безбедноста на податоците е секогаш се обидуваме да е на највисоко ниво. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка АД Скопје и во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се комуницираат користејќи HTTPS безбедносен протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не ни се достапни на нас или во нашиот систем, туку истите се процесираат исклучиво од страна на Халк Банка АД Скопје.
7. ДОСТАВА НА ВАШИТЕ НАРАЧКИ
За достава на Вашите нарачки Urma ги користи следниве деловни соработници: Eco Logistic Service
Со овие деловни соработници Urma има склучено договор за соработка и соодветно како Urma и овие наши деловни соработници, кои во овој случај се јавуваат како обработувачи на Вашите лични податоци, ги преземаат соодветни технички и организациски мерки за заштита.
8. КОЛАЧИЊА
Веб-страницата www.urma.mk користи колачиња.
„Колаче“ е датотека што содржи идентификатор што се испраќа од веб -сервер до веб -прелистувач и се чува од прелистувачот. Идентификаторот потоа се испраќа назад до серверот секој пат кога прелистувачот ја бара страница од серверот.
Колачињата може да бидат „постојани“ колачиња или колачиња за сесија: постојани колачиња кои ќе се чуваат од страна на веб-прелистувач и ќе останат валидни до поставениот датум на истекување, освен ако корисникот не ги избрише пред датумот на истекување; колаче за сесија, од друга страна, ќе истече на крајот на корисничката сесија, кога веб-прелистувачот е затворен.
Колачињата може да не содржат информации што лично го идентификуваат корисникот, но личните податоци што ги чуваме за Вас може да бидат поврзани со информациите зачувани и добиени од колачиња.
Во однос на колачињата кои Urma ги користи повеќе во Политика за колачиња на Urma.
9. ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Како субјект на заштита на лични податоци Вие имате право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци, право на пристап до Вашите личните податоци, право на исправка на Вашите личните податоци, право бришење на Вашите личните податоци, право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци, право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци, како и право на повлекување на согласноста дадена на Urma за обработка на Вашите лични податоци.
Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата или контакт формата на Urma.
10. ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека Urma на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
[email protected]
11. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА URMA
Политиката за приватност на Urma може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.
Последна промена на: 20.08.2021 година