Main Days

Main Days е бренд започнат од мајка (Лидија) и ќерка (Кристина), проект што произлезе од желбата за реобмислување и редефинирање на класичните модни парчиња.

Ташните и торбите се изработени од текстилни материјали, лесни за комбинирање и одржување. Создадени се за оние кои се во постојано движење и за оние кои секој ден го сметаат за главен ден. Тие се шијат од Лидија, додека дизајнот е резултат на заеднички разговор и меѓусебно едитирање и разговор.

Upcycled кошулите се винтиџ или second-hand парчиња на кои им даваме нов живот преку редизајн и свеж изглед. Секое парче е уникатно, во една големина и создадено за да се комбинира на многу начини. Во време кога одржливата мода е поважна од кога било, тие претставуваат начин да изгледаш кул и одговорно.

Прикажи филтри

Showing all 2 results