Проблеми при креирање сметка или правење нарачка? Прашање во врска со производите? До каде е твојата нарачка? Сè што би сакал/а да нè прашаш или да ни кажеш, можеш да го направиш тука.
НАРАЧКИ И ПЛАЌАЊЕ
Како да го пронајдам производот што сакам да го купам?
Најлесниот начин да пронајдеш производ што сакаш да го купиш е преку прелистување на главното мени кое е лесно за навигација. Во менито сите производи се подредени во категории и поткатегории. Ако точно знаеш кој производ го бараш, искористи го полето за пребарување во горниот десен агол.
Како функционира купувањето на URMA.mk?
Кога ќе го пронајдеш производот што сакаш да го купиш, едноставно ги селектираш посакуваните опции што се зададени за производот (величина, димензии, боја, форма) и потоа кликнуваш на копчето „Во кошничка“. Во кошничката можеш да ја зголемиш количината на кој било избран производ. Можеш да продолжиш со шопингот и да додаваш повеќе артикли во кошничката или да продолжиш на страницата за плаќање.
Дали треба да креирам корисничка сметка за да купувам од URMA.mk?
За да купуваш на URMA.mk не треба да креираш корисничка сметка. Доволно е само да ја внесеш твојата e-mail адреса. Сепак, креирањето на корисничка сметка е бесплатно и нема да ти одземе дополнително време.
Ако креираш корисничка сметка ќе можеш:
- Побрзо да го завршиш процесот на купување
- Да ги прегледаш твоите претходни нарачки
- Да направиш промени на информациите на твојот профил
- Да ја промениш својата лозинка
- Да бидеш дел од нашата програма за препораки
Доколку креираш корисничка сметка и се случи да ја заборавиш лозинката, следи ги инструкциите кои ти ги задава нашиот систем за да можеш да дојдеш до нова лозинка. Ако имаш проблем при менувањето на лозинката те молиме исконтактирај нè за да ти помогнеме.
Како можам да извршам наплата?
Плаќањето на URMA.мк се врши само онлајн со платежни картички. Можеш да купуваш со сите дебитни и кредитни картички од која било банка (Visa, Mastercard, Maestro).
Кои лични податоци ги споделувам со вас во процесот на наплата?
За да се изврши наплата од твојата платежна картичка, во полето за наплата потребно е да ги внесеш следниве податоци: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, име и презимe на сопственикот на картичката, датум на важност на картичката, како и CVC/CVV код кој се наоѓа на задната страна на картичката.
Дали податоците кои ги внесувам при процесот на наплата се заштитени?
Секоја трансакција на URMA.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Халк Банка. Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувaaт преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка и во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не се достапни на нашиот систем.
Дали можам да направам нарачка за друго лице?
Да,можеш да направиш нарачка за друго лице. Се што треба да направиш е при наплатата да ја избереш опцијата “Достави до друга адреса” при што ќе ти се отвораат повеќе полиња во кои треба да ги внесеш бараните податоци.
Дали на URMA.мк можам да купам подарок?
Да, можеш да купиш подарок и ние да го доставиме за тебе. Се што треба да направиш е од кога ќе го избереш подарокот да отидеш во “Кошничка” и да ја избереш опцијата “Купувам како подарок”. Од кога ќе ја избереш оваа опција во полето кое ќе ти се отвори треба да наведеш телефонски број и порака за примателот на пратката. Потоа, при процесот на наплата треба да ја избереш опцијата “Достави до друга адреса” при што ќе ти се отворат повеќе полиња во кои треба да ги внесе бараните податоци.
Поради специфичноста на производите во URMA CONCEPT STORE, нарачките за подарок треба да се нарачаат 3 – 5 дена однапред со оглед на тоа што некој од избраните производи за да се изработат треба подолг временски период.
ДОСТАВА
Како се одвива доставата на производите?
Доставата на нарачките на URMA.mk се одвива според нашите правила за испорака.
За во Скопје (зони) доставата е бесплатна доколку нарачката изнесува над 4000 денари, а во спротивно се наплаќа фиксен надомест од 150 денари.
За останатите градови во државата, доставата се наплаќа 150 денари.
За колку дена ќе ми биде доставена нарачката?
Заради специфичноста на производите кои можеш да ги купиш на URMA.mk, времето за испорака е различно за секој производ и е наведено како информација веднаш до секој производ во полето „Информации за испорака“.
Имам купено повеќе производи и сите имаат различно време на испорака. Кога може да ја очекувам нарачката?
Доколку имаш купено производи кои имаат различно време на испорака, нарачката ќе ти пристигне во времето предвидено за достава на оној производ кој има најдолго време предвидено за достава.
РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Производите кои ги купив ми беа испорачани оштетени? Како да ги вратам?
Кога ќе ја добиеш нарачката, провери го твојот пакет во присуство на курир. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да се прифаќа.
Ако ја примиш пратката и, откако ќе ја отвориш, воочиш дека испорачаните производи не одговараат на нарачката, те молиме исконтактирај нè на [email protected] за да ти дадеме инструкции како да ја замениш/дополниш нарачката.
Купив производи од URMA.mk но би сакал/а да ги вратам?
Како купувач имаш право да го вратиш производот кој си го купил/а доколку не ги исполни твоите очекувања. Производот кој го враќаш мора да биде во согласност со нашата Политика за поврат на производи, во спротивно повратот нема да биде прифатен.
Политика за поврат на производи
Производите мора да се вратат неносени, неискористени и неоштетени, приложени во оригинално пакување.
Чевлите и додатоците мора да се вратат во оригиналните кутии и /или торби. Кога ќе ги пробуваш чевлите, биди внимателен/на за да не предизвикаш било какво оштетување.
Ако на производот се прикачени безбедносни ознаки „URMA“ или етикета на брендот, враќањето нема да биде можно доколку тие ознака, односно етикети на брендот, се отстранети.
Шминката и козметичките производи мора да се вратат неотворени и неискористени.
Чорапи, долна облека и костуми за капење мора да се вратат неотворени, со неоштетена амбалажа на производот. Враќањето не може да се прифати ако хигиенската лента е отстранета или производите се извалкани.
Секое дизајнерско пакување, како што се картички за автентичност, вреќи за пакување, кутии, итн. треба да бидат вклучени во пратката.
Накитот мора да се врати во првобитната состојба, вклучително и целата дизајнерска амбалажа.
Во случај враќањето да не може да се прифати, производот ќе му биде вратен на купувачот.
Купив персонализиран производ но би сакал/а да го вратам?
Персонализираните производи, поради нивната специфичност, не се враќаат.
Рефундирање на средства
За сите производи кои ќе бидат успешно вратени, а за истите има побарување на поврат на средствата, истите ќе бидат вратени на сметката на кредитната/дебитната картичка со која се извршила наплатата на нарачката. Трошоците за испорака нема да бидат вратени. Повратот може да трае до 14 работни дена.
Ако имаш било какви прашања или ти требат подетални информации за процесот на враќање, можеш да нè контактираш на [email protected].
GIFT КАРТИЧКИ
Како да купам gift картичка на подарок?
Gift картичките можеш да ги најдеш во главното мени поточно во категоријата Подароци > Gift Картички. Кога ќе се решиш која картичка сакаш да ја купиш потребно е да ги пополниш сите полиња со податоци кои се бараат од тебе:
- Вредност на картичката
- Е-mail на примателот
- Испраќач
- Порака
- Датум кога сакаш да биде доставена (може да се избере да се испрати веднаш или да се закаже друг датум)
Картичката ќе му пристигне да примателот на мејл со името на испраќачот, пораката и код со вредноста на картичката
ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКИ (REFERRAL ПРОГРАМА)
За да бидеш дел од нашата Програма за препораки, потребно е да се регистрираш како корисник на URMA.mk. Во Мојата сметка > Програма за препораки ќе можеш да најдеш линк за препорака кој можеш да го ископираш и да го препратиш до пријателите. Кога некој од пријателите ќе направи нарачка користејќи го тој линк, ти како испраќач ќе добиеш купон за попуст. За овој купон ќе бидеш известен/а преку email. Купонот ќе можеш да го најдеш и во Мојата сметка > Моите купони.
Вредноста на купонот кој ќе го добиеш при комплетирана нарачка преку твојот линк за препорака изнесува 5% од вредноста на направената нарачката. Mожеш да добиеш купони за 10 нарачки преку твојот линк. Валидноста на купонот е 90 дена и секој купон може да се искористи само еднаш.
За било какви прашања во врска со Програмата за препораки можеш да ни пишеш или да ни се јавиш за да се обидеме да ти помогнеме.