Ептен ни е мило што мини фрижидерчето за козметика стана дел од твојата #skincare рутина. Погледни го видеото за тоа како се користи овој кул производ:
Мини фрижидерчето е револуцинерен начин да ги чуваш сите секојдневни козметички препарати кои ги користиш во твојата #skincare рутина „свежи“ и на исто место кое секогаш ќе ти биде при рака.
Со чување на козметиката во твоето мини фрижидерче ѝ го продолжуваш рокот на траење. Дополнително, чувањето на козметиката во фрижидерчето им оневозможува на штетните бактерии да станат активни, помага за смирување на кожата и при намалување на надуеноста на лицето.
Во фрижидерчето можеш да ги чуваш и своите аксесоари за нега и убавина како ролери и guasha, со што дополнително им го зголемуваш ефектот при користење.
Димензиите на фрижидерчето се 25х25х18cm и се вклопува супер слатко во секоја бања, а може да ти биде и супер украс во соба. Дополнително има и рачка со која што можеш лесно да го преместуваш и транспортираш.
Фрижидерот има опција за ладење до 5-10 °C и греење до 40-50 °C кое се менува само со едно копче.
Работи кои се чуваат на ладно : Skincare производи, Гаџети за убавина, Парфеми, Кармин, Лак за нокти
Работи кои се чуваат на топло : Восок ленти, Масла за лица, Пешкири за лице, Есенцијални масла
Во кутијата со фрижидерчето има кабел за приклучок во струја и упатство за работа кое задолжително треба да го прочиташ пред да го вклучиш фрижидерчето.
Фрижидерчето за козметика е нежно исто колку што сакаш да биде нежна и мека твојата кожа 😊
Биди внимателна/внимателен при отварање и затварање на вратичката на фрижидерчето, прави го тоа со употреба на малата рачка. За да ти биде појасно и полесно за употреба ти снимивме и видео.
Фрижидерот има гаранција од 1 година.