MOM CRUSH: Јована Стилинович и Mapsy

Јована Стилинович и нејзините постери Mapsy ги забележавме случајно скролајќи на Insta и одма се согласивме дека мора да се најдат во нашата категорија Подароци. Така и беше 😊

Соѕвездија, имиња на миленици, време и локација на прв бакнеж, нови бебиња се само дел од поводите да се нарача постер од Маpsy. Јована има дипломирано бизнис логистика, но и завршена академија за графички дизајн. Во моментов работи како графички дизајнер во македонска компанија и freelance. Си подискутиравме со Јована на тема бизнис, бременост и self-care. 

Како се чувствуваш во моментов? 

Одлично, среќно, благодарно и исполнето. Со оглед на тоа дека за помалце од месец дена се враќам на работа и ми завршува породилното отсуство, гледам колку можам повеќе да уживам со Карло и да го гледам како секој ден расте и се менува.

Со што се занимаваш овој период? 

Моментално го водам Mapsy на што сум целосно посветена и работам со полна пареа и многу љубов. Во план ми е уште еден мал бизнис кој сакав да го отворам на почетокот на оваа година, но поради склоп на околности тоа се одложи и здравје ќе го оставам за понатака кога времето ќе ми дозволи повеќе. 

Раскажи ни повеќе како ја помина бременоста?

Бременоста ја поминав многу многу лесно, без никакви мачнини и сè си помина во најдобар ред. Физички активна не бев искрено, сакав да се опуштам и скроз да уживам во бременоста, иако на почетокот многу ме секираше фактот дека многу ќе се здебелам и не знаев како ќе се прифатам, но со тек на време сфатив дека е тоа еден процес и период кој ќе помине и дека треба да се опуштам и уживам и дека самото тело ќе си се среди после пораѓај со правилна исхрана и вежбање секако. Cravings имав најмногу на почетокот уште кога не знаев дека сум бремена (изедов цела тегла туршија за 2 дена хахаха 😊) и тоа траеше негде до кај четвртиот месец и потоа си јадев нормално, дури имав поголем апетит за здрава храна и салати. 😊 

Какво беше твоето искуство со породувањето? 

Болките ми почнаа уште рано наутро, но јас ги игнорирав бидејќи последните 2 недели така цело време ми се појавуваа истите болки, но по кратко време исчезнуваа, но тој ден не исчезнаа 😊. Породувањето исто како целата бременост, брзо и лесно. Во болница ме примија во 16:00 часот, а јас веќе бев породена во 17:15.

Како ти поминуваат деновите со Карло? Дали имаш воспоставено рутина по која што се придржуваш и дали сметаш дека истата е важна во процесот на растење и развивање на децата? 

Забавно, но и многу многу брзо. На почеток кога ми кажуваа дека лета времето и дека брзо растат не можев тоа да го сфатам, а сега можам тоа да го видам и осетам и тоа како лета дур да трепнеш. Рутина имаме и е најбитното нешто кое што треба што порано да се воспостави додека бебето е мало најпрвин за бебето полесно и побрзо да се адаптира на нашата средина и биоритам, а после тоа за на мајката односно на двата родитела да им биде многу полесно организирањето на денот и времето со бебето. Рутината за спиење јас кај Карло ја воспоставив уште кога имаше само 2 месеци, точно секоја вечер во 20:00 часот бањање, пиење млеко и легнување во креветче буден и оставајќи го сам да заспие. Ова ми дојде спонтано да почнам да го правам и искрено ме плашеше фактот дека ќе плаче кога ќе го спуштам во креветче како што е со повеќето бебиња, но кај него се покажа обратното. Карло е мирно бебе и многу многу ретко се случувало да не сака да заспие сам, а тоа е кога е во некој од скоковите или пак ако вади забче. Дневната рутина е скоро секој ден иста: станување, малку играње, доручек, повторно играње, прошетка надвор, враќање дома, малку игра, спиење, после станување повторно играње со уште една трета дремка пред бањање, играње, бањање, пиење млеко и во кревет на спиење. 😊  

Мој совет до сите идни мајки или мајки со мали бебиња е да си воспостават рутина што е можно порано бидејќи тоа е од клучно значење за развојот на бебето, особено ноќната рутина и спиењето. 

Во неколку наврати на Инста сподели околу твоето искуство со доењето. Може да ни кажеш нешто повеќе за тоа? 

Ух, таа тема какви чуства само ми буди кога ќе помислам на тој период и низ сè што не поминав и ми доаѓаат солзи на очиве. Многу се мислев дали да го споделам моето искуство најпрвин од фактот дека ќе бидам осудувана за тоа дека не сум се потрудила доволно (како и што имаше такви замерки и коментирања од страна). Јас бев во шок од одзивот кој го имав во приватна порака од мајки кои го поминале истото или кој во тој момент го поминувале истото што сум го поминала и јас со доењето. Доењето е нешто најпрекрасно на светот и сум среќна што можев барем малку да го искусам тоа чуство. Јас уште кога бев бремена цело време се едуцирав и читав за доењето и бев цврсто убедена дека успешно ќе дојам и дека нема да имам никаков проблем, најлошо што мислев дека може да се случи е да немам млеко, но не се спремав на тоа дека моето бебе ќе биде нецицач и дека нема да сака да цица. За мене тоа беше многу тешко да го прифатам, се осеќав како да сум потфрлила некаде и дека не сум доволна добра мајка зошто не можам моето бебе да го хранам со мајчино млеко како другите мајки. Место да се радувам на моето бебе и да уживам со него јас бев опседната и мислите насочени само да дојам и ништо друго, сега да можам да го вратам времето би го сменила тоа, но како викаат сè е лекција во животот, па така и ова 😊

Каков е твојот однос со партнерот во оваа нова фаза во вашиот живот? 

Нашата врска од кога се роди Карло зајакна и нè зближи уште повеќе. Многу сум благодарна што имам прекрасен сопруг кој ми помага уште од првиот ден и секогаш е тука за мене и сме супер тим 😊. Во најтешкиот период со доењето тој и моите родители ми беа најголемата поддршка и многу ми помогнаа.

Раскажи ни како дојде до идејата да започнеш со Mapsy? 

Mapsy беше основан благодарение на мојот сопруг, тогашен дечко кога после толку години заедно не знаев што повеќе да му подарам за денот на вљубените, па сакав да е нешто посебно, уникатно, нешто што нема да се истроши, туку нешто што ќе го има засекогаш и ќе го потсеќа на нас. Така талкајќи по Интернет за инспирација наидов на персонализирани мапи со соѕвездија и од таму дојде и самиот поклон и идејата да започнам со овој бизнис. Mapsy започна подобро од што очекував и веќе 2 години успешно работи и радува многу жени, девојки, мајки, сестри, пријателки, мажи и деца. Сега уште поголема мотивација за овој бизнис да го развивам ми е Карло, односно да креирам персонализирани постери за деца и бебиња кои ќе останат вечно врежани во рамките на ѕид во нивните соби.

Како се справуваш со работните обврски за време на породилното отсуство? 

На почетокот мислев дека нема да успеам ништо да работам и сите ми викаа дека ќе биде тешко зошто сум со мало бебе, но ако добро си го организираш времето и малце жртвуваш од твоето време сè се може. Успешно работам со Mapsy, а исто така паралелно приватно си работам со клиенти на проекти.

На каков проект работиш во моментот?

Моментално работам  на голем брендинг со еден наш добро познат и мој драг клиент и едвај чекам да споделам со сите вас на што работиме периодов. Пред овој клиент, работев со клиент од Aмерика исто така на голем брендинг кој наскоро ќе се лансира, па и тоа ќе можам да го споделам. 😊

Твојата skincare рутина? 

Моментално немам никаква skincare рутина и во план ми е да посветам повеќе внимание и на тоа. Јас немам проблематично лице и обично користам козметика за хидратација. За мојата skincare рутина користам Ordinary Niacinamide + Zinc, Natural Moisturizing Factors + HA и масло од шипка.

Твоите selfcare моменти?

Гледање филм или серија, прошетка во парк, кафе или пијачка со пријателки.

Како сметаш дека треба да ги растеме новите генерации на деца? 

Растењето и воспитувањето на децата бара многу посветеност и упорност. Децата се огледало на родителите. Сметам дека многу е битно додека се мали да се посвети најмногу внимание на нив бидејќи тие се како сунѓери и сè впиваат брзо. Трпението игра најголема улога, верувам и знам дека е тешко, но мислам дека секој родител може да издржи и да го помине тој период.

За растење и одгледување на детето исто нам како родители ни треба константна едукација. Ете една позитивна работа што ја има кај технологијата и социјалните мрежи е тоа што има многу корисни профили за родителство, трикови и совети како да се растат децата и мислам дека тоа е голема помош за секој родител.

Што би им кажала на идните мајки? 

На идните мајки би сакала да им препорачам да уживаат во мајчинството најмногу што можат. Никогаш да не ги споредуваат своите бебиња/деца со другите. За донесување некои одлуки да се слушаат повеќе себеси и да не дозволуваат да допираат невкусни коментари од други страни. Не секогаш ќе донесуваме правилни одлуки како мајки, но и тоа е нормално да се погреши, сите грешиме и од грешките учиме најмногу. Никој не е совршен родител и за твоето дете секогаш вие ќе бидете најдобрата мајка во неговите очи. Да не дозволите социјалните мрежи да ви наметнат притисок за одредени работи (облека, соба, хранење/доење, лазење, одење, прозборување, итн.) туку да се препуштите на времето и моментите и да оставите своето дете само да даде знаци и да си напредува и да се развива. 

SHOP MAPSY ТУКА

Sирни ги последните објави на URMA блог