EQUILIBRIUM.FINE ARTS Прстен

EQUILIBRIUM.FINE ARTS Прстен

400.00 ден

Опис

Секое парче накит е волшебна приказна за себе

Приказната за EQUILIBRIUM.FINE.ARTS не е така долга, но е интересна, како секогаш си
наоѓа пат да остане да егзистира. Веројатно специфичноста и уникатноста на парчињата се
тие што ги привлекуваат луѓето кон овој бренд.
Позади него стои накит кој е невообичаен при самата појава, но впечатлив и стилски и
прилега на секој што сака да го носи, а воедно и уникатен и со ретка можност за
повторување во повеќе парчиња.
Ќе најдете и декор парчиња за ентериер кои го носат истиот израз на накитот,
впечатливост и уникатност проткаени со уметничка нишка од самиот почеток.
Секое парче накит е приказна за себе, асиметрично, апстрактно, геометриско или
аморфно во изгледот и дезенот, гледајќи го секое дава доза волшебност и носи своја
магија на посебност и уникатност и истата се пренесува на тој што ја носи. Изработени се
од епоксидна смола и полимерна глина и секое има специфичен микс на нијанси и бои.
Сета таа констелација на ситни детали го прави овој бренд свој и различен и никогаш
неприметен.

Накитот е изработен од епоксидна смола, има ефект на стакло, но не е лесно кршлив, исклучително е лесен и пријатен за носење. Препорачливо е да не се гребе со остри предмети и да не се изложува на високи температури

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.