MIRJANA JOSIFOSKA Brigitte Hat Шапка

Совршена за:
Пролетни и летни прошетки, свечени моменти на отворено или патувања каде што сакате да внесете романтична елеганција во изгледот.

2,390.00 ден

SKU: Не е достапно Категории , , , , , , , ,

Опис

Инспирирана од иконскиот стил на Brigitte Bardot, шапката Brigitte претставува современа интерпретација на француската елеганција. Со панделка која се врзува позади, овој модел нуди софистициран изглед и романтичен шарм. Изработена од 100% лен и со постава од 100% памук, шапката е дополнета со суптилен вез од логото на брендот.

Детали:
• Надворешен материјал: 100% лен
• Внатрешна постава: 100% памук
• Везен монограм
• Одржливо дизајнирана и етички произведена во Македонија*
• Достапна во три големини: 56 см / 58 см / 60 см
(големината одговара на обемот на главата во сантиметри)

*Што значи “Одржливо дизајниранa” и “Етички произведенa”?
– Одржливо дизајниранa: Нашите производи се создадени со
длабока почит кон животната средина, користејќи природни
материјали, како и премиум селектирани ткаенини набавени од
локални, одговорни текстилни извори. Применуваме техника на
кроење “нула отпад“, со што се искористува секој дел од
материјалот внимателно и со цел.
– Етички произведенa: Секој производ е рачно изработен во нашето
студио во Македонија, под целосна контрола на условите за работа.
Посветени сме на фер плати, безбедна работна средина и одговорно
производство, што ни овозможува да го одржиме квалитетот и
интегритетот во секоја фаза од процесот.

Начин на одржување:
• Рачно перење во ладна вода
• Не користете машина за сушење
• Сушете на рамна површина
• Не користете белило
• Пеглајте на средна до висока температура