MIRJANA JOSIFOSKA Linda Hat Шапка
Совршена за:
Пролетни прошетки, градски излегувања или моменти кога сакате да зрачите со префинета елеганција.
2,490.00 ден
Опис
Шапката Linda е инспирирана од супермоделот Linda Evangelista, симбол на гламурот од 90-тите. Со својата впечатлива широка стреа, нежно го следи обликот на лицето и создава суптилна сенка што ја истакнува природната убавина. Моделот доаѓа со елегантни врвки кои можат да се заврзат околу лицето или вратот како марама, додавајќи елегантен и романтичен допир. Врвките се прикачени со копчиња и може лесно да се отстранат, овозможувајќи повеќе начини на носење според вашиот стил.
Детали:
• Надворешен материјал: 56% ECOVEROTM, 22% памук, 22% лен
• Внатрешност: 100% памучна постава
• Врвки од премиум ткаенини од вишок материјал, добиени од одговорно
производство
• Одржливо дизајнирана и етички произведена во Македонија*
Достапна во три големини: 56 cm / 58 cm / 60 cm
(Големината на шапката се однесува на обемот на главата во cm)
*Што значи “Одржливо дизајниранa” и “Етички произведенa”?
– Одржливо дизајниранa: Нашите производи се создадени со длабока почит кон
животната средина, користејќи природни материјали, како и премиум селектирани
ткаенини набавени од локални, одговорни текстилни извори. Применуваме техника
на кроење “нула отпад“, со што се искористува секој дел од материјалот
внимателно и со цел.
– Етички произведенa: Секој производ е рачно изработен во нашето студио во
Македонија, под целосна контрола на условите за работа. Посветени сме на фер
плати, безбедна работна средина и одговорно производство, што ни овозможува
да го одржиме квалитетот и интегритетот во секоја фаза од процесот.
Оддржување:
• Рачно перење во ладна вода
• Да не се суши во машина
• Сушење на рамна површина
• Да не се користи белило
• Пеглање на средна температура