MIRJANA JOSIFOSKA Linda Scrunchie Стегач
590.00 ден
Опис
Овој елегантен свилен стегач е инспириран од шапката Linda и стилот на Linda Evangelista. Изработен од 100% премиум селектирана свила, со отстранлива панделка романтичен изглед.
Детали:
• 100% премиум селектирана свила
• Отстранлива лента што се врзува во форма на панделка
• Ткаена етикета со логото на брендот
• Произведен со техника на кроење без отпад
• Одржливо дизајниран и етички произведен во Македонија*
*Што значи “одржливо дизајниран” и “етички произведен”?
Одржливо дизајниран: Нашите производи се создадени со длабока почит
кон животната средина, користејќи природни материјали како 100%
свила, како и премиум селектирани ткаенини набавени од локални,
одговорни текстилни извори. Применуваме техника на кроење “нула
отпад“, со што се искористува секој дел од материјалот внимателно и со
цел.
Етички произведен: Секој производ е рачно изработен во нашето студио
во Македонија, под целосна контрола на условите за работа. Посветени
сме на фер плати, безбедна работна средина и одговорно производство,
што ни овозможува да го одржиме квалитетот и интегритетот во секоја
фаза.
Начин на одржување:
• Рачно перење во ладна вода
• Не користете машина за сушење
• Сушете на рамна површина
• Не користете белило
• Пеглајте на ниска до средна температура