Silvsplants ,,Приказна за моите 100 растенија” Бележник

,,Приказна за моите 100 растенија”

Бележник

799.00 ден

Опис

Silvsplants е инстаграм платформа за едукација на сите оние кои сакаат да научат повеќе за растенијата и нивното одгледување.

Визијата на Silvsplants е заштита на животната средина, стекнување на зелени навики и уживање во благодетите и позитивната енергија која ја даваат растенијата со нивното присуство.

Овој профил постои од Април 2020 година и од тогаш активно се споделуваат совети на различни теми кои ги засегаат љубителите на растенија.

Позади профилот стои Силвана Стефановски, дипломиран инженер по биологија, биохемија и физиологија на ПМФ кој активно се занимава со одгледување и колекционирање на растенија од 2016 година и во моментов во сопствениот дом има преку 1000 видови на растенија.

Бележникот со совети за растенија е пресонализиран водич во зелената приказна на секој којшто почнува со одгледување на растенија.
Во бележникот може да се најдат илустрирани насоки за почетници, место за бележење на потребите за 100 растенија, листа на желби, место за бележење на совети и едукативна содржина или нешто по сопствен избор, простор за достигнувања, место за персонализација на приказната како и зонска распределба и температури низ светот и кај нас.
Овој прирачник е наменет за секој кој сака да има се што му е потребно за нега на растенија на едно место.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.