Во нашиот офис, договарањето за што ќе се појадува дента трае колку целата пауза за појадок. Јас секогаш бирам солена а Анастасија блага варијанта на доручек. Но, кога времето стана поприлично пеколно, морав да се приклучам на тим Анастасија и почнав да појадувам здрави летни доручеци како на пример smoothie bowl. Секако, за рецепти секогаш се обраќаме кај Нане, па ова комбо што ни го смисли ќе го споделиме и со тебе.
Еве и кратко рецептче :
Смуди оброк за двајца
Две банани
Едно јаболко
1 шоља замрзнато овошје (малини, аронија, боровинки)
1 лажица ленено семе
1 лажица семе од коноп
4 лажици овесни или р’жани снегулки
Растително млеко
Изблендирај ги сите состојки, а млеко додавај до посакуваната густина.
Послужи во чиниите од кокос на Cocobuko и стави одозгора сецкана банана, малини, јатки, гранола, путер од лешници и уште малку семе од коноп.
Уживај си најдена и освежена 🙂