Мома крема за мрсна кон нормална кожа Towards the within

Мома крема за мрсна кон нормална кожа Towards the within

30мл

700.00 ден

Опис

Приказната за брендот, почетоците и краток опис:

Идејата за козметиката тлееше долго време пред да се реализира во проект. Се роди во едно магично место, пред десетина години, меѓу полиците од книгите и инспиративните приказни, во една од најубавите книжарници во градот. Со мојата другарка Ели, (и двете сме Ели :)), гладно ги исчитувавме сите информации за навраќањето кон природата, за совршената креаторка, мајката Земја и за она што широкоградо ни го дава. Во исто време едната од нас се соочуваше со егзема и секој рецепт со нетрпение се испробуваше. Многу работи научивме од традиционалните знаења на нашите простори и од книгите на билкарите и ароматерапевтите. Денес со гордост можеме да се пофалиме дека со она што го применуваме ги надминавме сите кожни состојби, и што е најважно од сѐ, чувството дека кожата повторно дише, е прекрасно.
Ова е тоа што уживаме да го правиме во секое време. Комбинираме и мешаме растителни масла и мириси во теглички и шишенца. Секоја нова комбинација со радост ја тестираме и усовршуваме. Се инспирираме и од искуствата на други што ја делат страста кон природната козметика и додаваме и сознанија до кои ние доаѓаме преку секојдневна употреба. Миксираме сапуни по старите рецепти на бабите (по малку усовршени) и трпелливо чекаме цел месец да созреат. Правиме мали количини, со многу грижа, сѐ со цел да останеме поврзани со неа – Земјата која дава и храни. Многу сме им благодарни на тие што веќе долго време ни даваат поттик и мотивација да излеземе од кожурецот, на најблиските за техничката поддршка и позитивните критики, и на сите кои ја препознаваат вибрацијата и резонираат со неа.

Производите содржат: природни масла, пчелин восок, етерични масла, растителни путери, билни екстракти во масло. Со користењето на продукти од македонското поднебје (глина, пчелин восок, растителни масла), сакаме да им придодадеме географски квалитет и автентичен состав на производите.

Мома производите не содржат *парабени  *конзерванси *вештачки мириси *парафински масла *не се тестирани врз животни

Нашата визија за Мома е да биде бренд за урбани девојки и жени, кои имаат изострен софистициран вкус, а истовремено се свесни што нанесуваат секојдневно на својата кожа. Замислата за производите е да се модерни, проткаени со мудроста на традицијата.

Благопријатен состав кој ја балансира, регулира и ја храни мрсната кожа, правејќи ја мека и елестична. Содржи природен пчелин восок, масло од семки од грозје, сусамово масло, ладно цедено сончогледово масло, јојоба и други масла кои делуваат хармонизирачки врз функцијата на порите. Етеричното масло од чајно дрво има антивоспалително и антибактериско дејство, помага при регулација на себумот, а делува и астрингентно. Нежно ја смирува кожата која е склона кон акни, мозолчиња и црвенило. Се нанесува на влажно лице. За секојдневна употреба.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.