КОЛАГЕН, КАКО, КОГА И ЗОШТО ?

Што може да направи колагенот за твојата кожа ?

Колаген, колаген, колаген … Го слушам во текот на целиот живот, слушам како е многу важно
да се конзумира секојдневно, го конзумира баба ми, знам дека супер за коските и ноктите, но
никогаш не ме заинтересирало подлабоко да го истражам колагенот се додека не ми дојде
времето и самата да го конзумирам �� Да, веќе ми е време и јас да го конзумирам секојдневно
без отстапки. Најискрено, колагенот го конзумирам поради бенефитите кои ги има врз кожата,
неговиот антиејџинг ефект а коските сеуште не ги мислам толку :/
За да биде овој блог пост постручен, ја прашавме Маја, дипломиран нутриционист и основач на
The Healthier You, да ни објасни подетално што е точно колагенот и како влијае на нашата кожа.
Инаку, Маја ќе се дружи со нас и ќе се потруди да ни ги одговара сите wellness прашања кои
сакаме подобро да ги разбереме.

Колаген и здравје на кожата


Што е колагенот ?


Колагенот е протеин кој што е најзастапен во човековото тело и се наоѓа во коските,
мускулите, кожата и тетивите.
Всушност колагенот е супстанцата која што го поврзува и држи вашето тело во една
целина.
Колагенот може да биде ендоген, односно да биде синтетизиран во нашето тело, но исто
така може да биде и егзоген, односно синтетички и да се внесе во телото, преку суплементи.
Зошто е толку важен овој протеин за нас ?
Овој протеин е многу важен за сите наши ткива, и кога имаме негов недостаток тоа е
поврзано со развој не низа здравствени состојби и проблеми.
Баш поради тоа суплементацијата на колаген има голема примена при некои здравствени
состојби, а посебно се применува кога станува збор за проблеми со кожата, зглобовите и коските.

Како делува конзумирањето на колагенот врз нашата кожа ?


Кога зборуваме за колаген и здравје на кожата, најчесто зборуваме за неговите анти –
ејџинг бенефити и ефекти, кои веќе се потврдени и докажани со многубројни студии.
За колагенот се тврди дека ја подобрува еластичноста на кожата, ги намалува видливите
брчки, ја подобрува циркулацијата на крвта, помага за кожата да изгледа помазна и поцврста
наместо збрчкана и опуштена.
Кожата е важна бариера меѓу надоврешноста и внатрешноста на телото, и за еден
организам да функционира оптимално, потребна му е здрава кожа. А колагенот како важен
структурен материјал на кожата е исто така многу важен за целокупното здравје на телото и
кожата.
Студиите покажуваат дека редукцијата на колагенот во телото, која што е поврзана со
стареењето, може да се забави/запре со помош на користење на орални колаген суплементи.
Орална употреба на колаген пептиди, заедно со употреба на некои други нутриенти, можат да ја
обноват хидратацијата, еластичноста и густината на кожата, после три месечна употреба.
Оралната суплементација на целосен или хидролизиран колаген ги подобрува клиничките
манифестации на здравјето на кожата. Скоро сите студии кои што се занимаваат со оваа тема,
покажуваат бенефити од употребата на суплементи со колаген, а до сега се познати неколку
различни механизми кои што може да се вклучени во ефектот на пептидите од колагенот, врз
кожата, а тоа е преку нивното делување на фибробластите, и преку нивното делување на М2 –
сличните макрофаги.
Според препораките, колагенот треба да се конзумира секојдневно. После колку време на
конзумирање ќе можеме да забележиме резултати од неговто користење ?
Резултатите од следната студија покажуваат дека употребата на хидролизиран колаген во
рок од 90 дена е ефикасен во намалување на стареењето на кожата, и ги намалува брчките и ја
подобрува еластичноста на кожата и хидратацијата.
Покрај тоа што студиите го покажуваат бенефитот од употребата на колаген, подобрата
вест е дека неговата употреба нема познати сериозни негативни ефекти.
Како е најдобро да се конзумира колагенот ?

Најдобрите форми на колаген суплементи се течната форма на колаген и колаген во прав
кој што ќе го измешате со некоја течност, смути итн. Хидролизираниот колаген подобро се
апсорбира бидејќи е разложен на помали протеини/пептиди. Значи бирајте течен или колаген во
прав, кој притоа е препорачливо да е хидролизиран.

Sирни ги последните објави на URMA блог