Веруваш во хороскоп или не ?

Годишен хороскоп за 2023

ОВЕН


Овие претставници ќе можат да се пофалат со најмногу радости и
благосостојба во оваа година. Јупитер – планетата што носи раст, ширење и
експанзија после 12 години се враќа во овој знак, па, се што ќе пресретне
воедно ќе зголеми. Јупитер ги израдува Овните уште во Мај минатата година,
но поради ретроградната фаза, од крајот на 2022ра и речиси цела прва
половина на 2023та, ќе продолжи да ги радува овие претставници, како на
емотивно, професионално, така и на физичко поле. Па така, сите кои очекуваат
финансиски повраток од влоговите од минатата година, сега ќе имаат шанса за
истите. Втората половина од годината е одлична за финансиски инвестиции.
Сите кои се во стабилен емотивен однос може да очекуваат
зацрстување/озваничување на врската, па дури и принова.
Идеален период за нови почетоци, како секоја година, така и оваа ќе биде
периодот со почеток на пролетта и владението на овој знак – после 21ви Март.
Поволни месеци: Март, Април, Ноември и Декември.
Неповолни месеци: Јануари и Септември.


БИК


Како за Овните, така и за Биковите оваа година ќе биде посебно исполнета и
важна поради враќањето на планетата на среќата – Јупитер после 12 години во
овој знак. Од 17ти Мај 2023та, па, се до Мај 2024та ќе престојува во Бик и ќе
допринесе за сериозен раст и промена на сите важни полиња. Идеален период
за нови почетоци, планови и надежи. Огромен ентузијазам и позитивна
енергија ќе бидат пресуден фактор за сите подвизи кои за промена ќе ги
иницирате токму вие. Најголемите и најглавните промени може да ги очекувате
на професионален план (посебно од крајот на Март, па се до крајот на летото).
Оние кои се долго време на иста работна позиција ги очекува нагла промена на
истата, но и желба за промена на работното место. Биковите кои поседуваат
сопствен бизнис ќе имаат потешкотии со менаџирање на истиот во летниот
период и кон крајот на годината. Биковите кои не се во стабилна врска ги
очекува ненадеен прекин и желба за ослободување од постоечкиот емотивен
однос, додека слободните Бикови ќе влезат во сосема невообичаена емотивна
врска која ќе ги шокира нивните блиски.
Поволни месеци: Април, Мај и Септември.
Неповолни месеци: Јули, Август и Ноември.


БЛИЗНАЦИ


Вечно безгрижните Близнаци, годината ќе ја започнат со расчистување нa

хаосот кој Марс веќе им го натовари уште од почетокот на есента минатата
година. Овој поприлично тензичен период за Близнаците ќе заврши на
средината на Февруари, под услов да не се почнуваат и преговараат нови
проекти до истиот тој период, поради ризик од неуспех или половични и
ограничувачки резултати од истите. Близнаците кои сакаат да направат
промена во професионалниот дел, тоа ќе може да го иницираат од почетокот
на Март, додека оние кои подолго време стагнираат, конечно ќе бидат
наградени со позиција што ќе им го зацврсти статусот после доста долг период.
Голем дел Близнаци со почетокот на пролетта ги очекуваат ненадејни
предлози/понуди за заминување во странство. Младите претставници, како и
оние кои се во некој вид нестабилен емотивен однос, ги очекува тајна врска од
средината на оваа година, која може да потрае се до пролетта следната
година. Оние, пак, кои се во стабилна врска, средината и есента ќе донесат
стабилизација, почеток на заеднички живот, како и планови за семејство.
Поволни месеци: Мај, Јуни, Октомври и Ноември.
Неповолни месеци: Јануари, Јули и Декември.


РАК


Раковите конечно ќе можат да здивнат после бурните и поприлично
непријатните изминати две години. Оваа година ќе биде интензивна, но во
правец кој вам ви одговара. Од почетокот на Март оваа година, Раковите кои
се во нестабилен емотивен однос ги очекува разврска и растеретување на
емотивен план, како и влез на сосема нетипична личност во нивниот живот која
целосно ќе им го смени погледот на љубовта. Големи финансиски непланирани
трошоци ве очекуваат во летниот период, каде што би требало да се избегнат
нови финансиски вложувања. Одличен период, пак, на професионален план ги
очекува овие претставници од средината на оваа година, па се до крајот на
летото следната година. Оние Ракови кои се во исчекување на документи или
работни визи за странство, истите ќе може да ги добијат после почетокот на
оваа пролет. Одлична година и за инвестиции и купопродажба на недвижен
имот.
Поволни месеци: Февруари, Март, Април и Мај.
Неповолни месеци: Јули, Август и Декември.


ЛАВ


Лавовите, заедно со Водолиите ќе имаат поприлично бурна, хаотична и
непредвидлива година. Почетокот на годината, па се до средината на
Февруари за Лавовите ќе биде период на “чистка“ на пријателите со кои на
површина излегле доста нелагодности уште од крајот на минатата година.
Истиот тој период е воедно непогоден за какви било групни активности, работа
во колектив и потешкотии при организација на поголеми настани. Пролетта
оваа година ќе донесе бура од изненадни емотивни испади, од нагло

влегување во емотивни односи, па се до нагло излегување од истите. Лавовите
кои се во нестабилен емотивен однос, пролетта ќе им донесе ненадеен и
конечен прекин на истите, додека на оние кои се слободни им претстои
“несвојствена“ емотивна врска со личност која е поврзана со странство.
Летниот период за Лавовите може да донесе непланирани финансиски
издатоци, но и затворање на стари долгови, како и наплата на долгови кои ги
очекуваат подолго време. Внимавајте доколку имате некаков судски спор или
процес (посебно на средината од оваа година), може да дојде до ненадеен
несакан пресврт кој може да нанесе финансиска штета.
Поволни месеци: Февруари, Март и Декември.
Неповолни месеци: Јануари, Јули и Септември.


ДЕВИЦА


За вечно педантните Девици, новата година ќе донесе бура од професионални
промени. Иако почетокот на првите два месеци, како за повеќето знаци, така и
за Девиците, поради штетното движење на Марс низ професионалните полиња
донесе низа опструкции и неможност за финализирање на низа проекти, сепак
пролетта 2023та со масовните планетарни промени во професионалните
полиња, на овие претставници ќе им донесе сериозен успех, реализација на
неколкугодишните планови од изминатите 3 години, како и активирање на
дополнителни извори на приходи. Некои Девици ги очекува и целосна промена
на професијата. На емотивен план за поголем дел од Девиците првата
половина на годината ќе биде мирна (за некои дури и празна), додека во
втората половина следат низа емотивни промени од ненадејно прекинување на
долги врски, па, се до зацврстување на прилично кратки врски започнати во
летниот и есенскиот период од годината.
Поволни месеци: Февруари, Мај, Септември и Декември.
Неповолни месеци: Јануари, Март и Јули.


ВАГА


Вагите оваа година ќе имаат прилика да уживаат без непријатни изнанедувања
на кои беа “принудени“ изминатите година и пол поради одредени неповолни
аспекти кои ги коќеа на повеќе животни полиња. За разлика од напорниот крај
на минатата и напорниот почеток на оваа година во обид да доведат доста
работи под контрола, конечно од крајот на Март овие претставници ги очекува
позитивен “хаос“, како и огромни изненадувања на емотивен план. Оние Ваги
кои подолго време се сами, од средината на оваа пролет ги очекува ненадеен
влез во емотивна врска со партнер кој ни малку не наликува на досегашните
избори. Вагите кои се во стабилен однос, ги очекува план за заеднички живот,
како и можност за проширување на семејството и потомството. Оние Ваги кои
поседуваат сопствен бизнис, исто така од пролет ги очекува сериозен раст и
ширење во истиот, додека оние Ваги кои минатата година смениле работа, од

почетокот на Март па натаму може да очекуваат унапредување и прогрес во
поодговорна позиција. Одлична година за едукација, доквалификација и
заработка од истите.
Поволни месеци: Февруари, Март и Септември.
Неповолни месеци: Јануари, Јули и Декември.


СКОРПИЈА


Нескротливите Скорпии оваа година под позитивна принуда ќе се препуштат
после долго време на моментот друг да ја преземе контролата за одредени
одлуки, посебно на емотивен план – што ќе биде дел од сериозните промени
во кои ќе зачекорат со почетокот на оваа пролет, па се до крајот на пролетта
следната година. Голем дел од овие претставници ќе ја озаконат нивната
постоечка врска (дури и оние кратки врски) со стапување во брак (со посебен
акцент на втората половина од годината). Скорпиите, пак, кои се сингл, ги
очекува стабилна емотивна врска, од Мај оваа година. Одлична година за
промена и инвестиции во ново место на живеење. Одлична година за оние
Скорпии кои веќе имаат, но и за оние кои планираат почеток на сопствен
бизнис. За голем дел од Скорпиите оваа година ќе биде значајна за голем број
плодни партнерски соработки и проекти. Всушност, партнерските соработки и
проекти (вклучувајќи ги и соработката со потенцијален емотивен партнер) ќе
бидат најистакнати, а воедно и најплодни оваа година.
Поволни месеци: Март, Април, Мај и Октомври.
Неповолни месеци: Февруари, Јули и Август.


СТРЕЛЕЦ


За непоправливите оптимисти, крајот на минатата и почетокот на новата
година е прилично конфузен, ограничувачки и тензичен, особено во
партнерските односи на професионален, но и на емотивен план. Голем дел од
предизвиците во овие полиња ќе се расчистат до крајот на Февруари, со што е
важно да не се почнуваат, ниту договараат нови соработки во истиот тој
период. Голем дел од овие претставници годинава ќе ја поминат во решавање
на имотно-правни процеси, решавање на имотни прашања, како и можна
промена на место на живеење. Посебно значаен период ќе биде од средината
на Март, па натаму. Летниот период (особено Јули и Август) избегнувајте ги за
поголеми инвестиции, поради ризик од преплаќање и непланирани финансиски
одливи. За Стрелците кои се сингл, втората половина од оваа година ќе донесе
влез во врска со повозрасна личност која ќе трае и ќе остане. Оние Стрелци
кои се веќе во стабилна врска/брак, ги очекува проширување на семејството.
Одлична година за инвестиции во недвижен имот, како и отплаќање на поголем
дел од долговите кои им ги наметна Сатурн, изминатите две години.
Поволни месеци: Февруари, Мај, Ноември и Декември.

Неповолни месеци: Март, Јули и Август.


ЈАРЕЦ


Најистрајните претставници на зодијакот, оваа година конечно ќе им донесе
финансиски промени и растеретување на повеќегодишни долгови. Иако крајот
на минатата и почетокот на новата година ќе се покаже како крајно
непредвилив, тензичен и неизвесен, сепак, почетокот на Март ќе ја донесе
долгоочекуваната стабилност и контрола врз важните сегменти од животот.
Највпечатлив сегмент ќе биде токму домот, негово проширување, како во
материјална, вредносна, така и во смисла на потомство. Оние, пак, кои веќе се
оствариле како родители, ги очекува наследување на недвижен имот, како и
профит од истиот. Од крајот на Март, па се до крајот на есента, оваа година ќе
донесе сериозни финансиски промени и инвестиции. Но, внимавајте со
нестабилни валути, како и со соработка со нестабилни/непроверени компании,
можно е да се соочите со ризик од преплаќање и преценување на вредноста на
истите (ова особено важи за пролетните месеци). Почетокот на Март оваа
година, за слободните Јарци ќе донесе хармоничен и стабилен емотивен однос
кој ќе трае.
Поволни месеци: Март, Април, Мај и Јуни.
Неповолни месеци: Јануари, Февруари и Август.


ВОДОЛИЈА


Вечните “бунтовници“ и претставници кои за прв пат ќе доживеат незаборавни
и коренити промени во текот на целата година (па и некоја година понатаму), ќе
бидат токму непредвидливите Водолии. Иако Сатурн сериозно ве
успори/ограничи (или барем се обидел за истото) изминатите две и пол години,
сепак, пролетта оваа година, ќе донесе масовни промени, како на
професионален, така и на емотивен/семеен план. Па така, слободните
Водолии ќе посакаат да се “врзат“ (макар и на кратко), но сепак ќе посакаат,
зафатените Водолии ќе посакаат да се “ослободат“ (макар и на кратко), но
сепак ќе посакаат, додека оние кои се во брак ќе се запрашаат дали воопшто
им треба “обврска“ (макар и на кратко), па може да “скршнат“ (макар и на
кратко) од бракот, за на крајот од годината да сфатат дека се’ што им треба го
имаат покрај себе. На некои Водолии летниот период ќе им врати поранешна
љубов, на некои ќе им ги тргне оние кои се “вишок“… Ова ќе биде и одлична
година за креативните Водолии кои управуваат со сопствен бизнис, со
сериозен потенцијал за раст и проширување од Мај, па натаму. Избегнувајте ги
Јули и Август за поголеми финансиски влогови, поради ризик од претерување.
Втората половина е одлична за инвестиции во недвижен имот, како и за
промена на работа за оние кои се во потрага по тоа.
Поволни месеци: Март, Април, Мај и Јуни.
Неповолни месеци: Јануари, Јули и Септември.

РИБИ


Како за Водолиите, така и за Рибите оваа година ќе донесе сериозни и
коренити промени, благодарение на промената на позицијата на Сатурн и
Јупитер во однос на овој знак. За почеток, промени овие претставници ќе
почуствуваат во кругот на пријателите во облик на нагло пресекување на
долгогодишни пријателски односи (особено со почетокот на пролетта).
Понатаму, Рибите кои имаат во план да менуваат место на живеење, нека се
подготват за истото од крајот на Мај, па натаму. Втората половина од оваа
година (со исклучок на Јули и Август) е одлична за поголеми инвестиции во
недвижен имот, па и во сопствен бизнис (за оние кои тоа го планирале).
Најголемо изненадување оваа година ќе биде за слободните Риби, од причина
што во нивниот живот ќе влезе моќна личност која нема секојдневен и
вообичаен животен стил, а ќе им го смени целосниот тек на емотивните
очекувања. Оние Риби кои се во долга врска/брак ќе имаат потешкотии во
првото тромесечие од годината да ги управуваат семејните и професионалните
обврски, што ќе им донесе низа недоразбирања со партнерот од кои би било
препорачано да се воздржат, барем до крајот на Февруари.
Поволни месеци: Март, Април, Мај и Декември.
Неповолни месеци: Јануари, Февруари и Ноември.

  • За оние кои го знаат својот подзнак – Имајте на ум дека прогнозите се
    најпрецизни кога е познат подзнакот и кога се зема предвид истиот.
  • За оние кои не го знаат својот подзнак или сакаат целосна анализа на
    Наталната карта, можете да и пишете на Тамара на jupiterstories.com за да добиете инфо околу
    изработка на истата. Тамара од jupiterstories.com професионално се занимава со астрологија веќе 11 години, а од пред 4 години го има стартувано и нејзиниот www.jupiterstories.com.

Sирни ги последните објави на URMA блог