ХОРОСКОП 2024

Годишен хороскоп 2024

ОВЕН

Овните во првото тромесечие од новата година ќе ги очекуваат потешкотии од административна природа поврзани со професионални одлуки или процеси поврзани со странство, така што, оние Овни кои имаат планови поврзани со промена на работа, промена на професија или заминување/барање работа во странство – истите треба да ги одложат за после почетокот на Март. Најсилна страна за овие претставници, особено во првата половина од годината ќе биде полето на финансии и инвестиции, каде ќе може да очекуваат пораст и прогрес, додека во втората половина од годината може да се започнат планови за промена на место на живеење, како и исплатливи инвестиции во областа на образованието.
На емотивен план, зафатените Овни ги очекува мирна година посветена кон домашните обврски, додека слободните претставници на овој динамичен знак ги очекува тајна врска или врска на далечина, чијашто разврска би се случила дури кон крајот на годината.

Поволни месеци: Мај, Август и Септември.
Неповолни месеци: Февруари, Јули и Ноември.

БИК

Биковите ќе можат и во првата половина од оваа година да уживаат во благодетите на Јупитер, пред сѐ на личен план, семеен план (голем број од овие претставници може да очекуваат принова), како и финансиски план (особено во втората половина од оваа година). Област која ќе биде најчуствителна и нестабилна за Биковите во голем дел од оваа година ќе биде полето на пријатели и групни активности. Не се препорачува проширување на кругот на пријатели, интеракција и соработка со истите, како и вклучување во групни активности (проекти, невладини организации и сл.) Летниот период не е поволен за решавање на имотно-правни прашања. Од септември натаму можностите за инвестиции во недвижен имот, како и промена на место на живеење ќе бидат далеку подобри.
Биковите кои се во подолга врска, во првата половина од годината може да очекуваат официјализација на истата, додека слободните претставници стабилна емотивна врска која би траела може да очекуваат од есента 2024та.

Поволни месеци: Февруари, Септември и прва половина на Јуни.
Неповолни месеци: Март, Јули и Ноември.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците во првата половина од годината ќе се соочат со исцрпувачки обврски и промени на професионален план, кои ќе ги ограничат во слободата на планирањето на приватните обврски, со што не се препорачува промена или аплицирање на ново работно место сѐ до средината на летото оваа година. Одличен период после 12 години може да очекуваат Близнаците (особено оние кои се подзнак Близнаци) од Мај оваа година, па сѐ до крајот на пролетта следната година. Добар период да ги преземете одлуките во свои раце и да ги искористите приликите на личен план за кои Универзумот ќе ви создаде можности со поинтензивна динамика. Внимавајте на здравјето и на физички повреди кон крајот на годината.
Слободните, но и оние Близнаци кои се во врска, во првото тромесечие од годината може да очекуваат враќање на партнер од минатото, додека оние кои се во стабилен емотивен однос ги очекуваат семејни обврски и инвестиции во истите.

Поволни месеци: Февруари, Мај и Јуни.
Неповолни месеци: Јануари, Април и Август.

РАК

Раковите во оваа година ќе направат сериозни промени на личен, но и професионален план, но тие промени ќе ги принудат на „изолација“ од секојдневието на кои се навикнати, а сѐ со цел постигање одлични резултати веќе од пролет натаму. Особено голем успех ќе доживеат оние Ракови кои имаат сопствен бизнис. Раковите кои сакаат да ја менуваат работата, за тоа ќе треба да почекаат до Мај. Од Мај натаму, можностите за подобра професионална промена се поголеми. Со оглед на тоа дека кариерата и професијата ќе бидат во преден план оваа година, слободните Ракови може да очекуваат и емотивно познанство токму преку работата или активностите поврзани со истата.
Зафатените и емотивно стабилни Ракови ќе ја искористат втората половина од годината за проширување на семејството, инвестиции и решавање на имотни прашања, како и зачестеност во патувања. Есенскиот период за многу Ракови ќе биде значаен за официјализација на врските започнати во изминативе две години.

Поволни месеци: Март, Мај и Септември.
Неповолни месеци: Јануари и Ноември.

ЛАВ

Голем дел од Лавовите кои минатата година прекинаа партнерска соработка, во оваа година ќе започнат самостоен бизнис кој ќе даде добри резултати уште во втората половина од новата година. Само во првите два месеци ќе треба да внимаваат и да избегнат потпишување на важни документи, а веќе од Мај натаму ќе ги очекуваат низа на успешни и продуктивни месеци. Последните два мессеци од годината може да дојде до прекин на долгорочна соработка. Оние Лавови кои планирале заминување во странство, ќе се соочат со пролонгирање и застој во врска со истите, па ќе треба трпеливо да почекаат до есен оваа година за реализација на истото.
На емотивен план, слободните Лавови ги очекува љубов во кругот на пријателите, но и љубов со личност поврзана со странство. Оние Лавови кои се во стабилен емотивен однос, после низата непријатности од минатата година, конечно ќе може да уживаат во новата година, особено од почетокот на пролетта.

Поволни месеци: Март, Јули и Ноември.
Неповолни месеци: Јануари и Август.

ДЕВИЦА

За голем дел од овие претставници, минатата, а и голем дел од оваа година се исполнети со промени и прогрес поврзани со странство, завршување на образовни процеси, како и профитирање од истите. Особен успех може да очекуваат Девиците кои соработуваат со странци (во првата половина од годината), додека од Мај натаму, голем број Девици може да очекуваат кариерен прогрес и решавање на клучни професионални прашања. Неповолен период за професионални промени ќе биде во летните месеци, како и во последниот месец од годината. Оваа година не е поволна ниту за склучување на партнерски бизниси и соработки.
На емотивен план, Девиците кои имаат нестабилна врска или врска на далечина, можат да доживеат прекин на истата, но добар период за емотивни познанства кои ќе траат може да очекуваат преку работа. Девиците кои се во стабилен емотивен однос ги очекува проширување на семејството.

Поволни месеци: Март, Мај, Септември.
Неповолни месеци: Април, Октомври и Декември.

ВАГА

За Вагите голем дел од минатата, како и цела оваа година значајно е полето на работа, каде што ќе се соочат со принудни промени, зголемување на обврските, како и неправилни одлуки за промена на истата. Сепак, втората половина на оваа година ќе им го донесе прогресот за кој вложиле труд изминатите година и пол. Голем број Ваги ќе раздолжат постари долгови, но добар дел и ќе влезат во нови долгови со цел долгорочни инвестиции. Од средината на оваа година Вагите може да очекуваат зголемен обем на патувања, особено преку работа, понатаму завршување/почнување на циклус едукација од која ќе можат добро да заработуваат.
На емотивно поле, Вагите кои се слободни, задоволство во љубовниот живот ќе доживеат на патувања, како и можност за врска со личност која е поврзана со странство. Вагите кои се во стабилен однос ќе имаат добри прилики за заеднички инвестиции со емотивниот партнер, како и фокус на решавање финансиски прашања.

Поволни месеци: Февруари, Мај и Октомври.
Неповолни месеци: Март, Септември и Декември.

СКОРПИЈА

За Скорпиите оваа година ќе биде во знакот на партнерските односи, како професионални, така и емотивни. Првата половина од годината е поволна за партнерски инвестиции (и со емотивен, но и бизнис партнер), а втората половина од годината ќе донесе значителни финансиски одлуки, инвестиции, како и подобрување на финансискиот статус. Она што нема да им оди од рака на овие претставници е реализација поврзана со промена на местото на живеење, како и низа погрешни одлуки поврзани со инвестиции во недвижен имот. Првото тромесечие треба да се избегне за значајни инвестициски чекори, додека останатите месеци ќе одат во прилог на истите.
Она што ќе ја одбележи годината на Скорпиите кои се во сериозна врска или брак, е проширување на семејството, додека оние Скорпии кои се слободни во првата половина од годината ќе имаат прилика за стабилна емотивна врска со личност која на некој начин веќе ја познаваат, но оние чијашто врска е на некој начин нестабилна може да очекуваат прекин на истата во критични месеци: Април и Септември.

Поволни месеци: Јануари, Јули Октомври.
Неповолни месеци: Март, Април и Септември.

СТРЕЛЕЦ

За Стрелците голем дел од минатата, па речиси и цела оваа година ќе биде значајна за решавање на имотни прашања, делба на имот, како и инвестиции во недвижен имот. Оние Стрелци кои имаат сопствен бизнис можат да очекуваат прогрес во истиот, особено оние чиишто бизниси се партнерски. Имено, голем број Стрелци ќе се одлучат и за започнување на нови партнерски бизниси и партнерски соработки. Крајот на годината треба да се избегне за потпишување на значајни договори, како и стапување во брак (за оние на кои им е во план). Првата половина од годината голем број Стрелци ќе доживеат професионален прогрес, како и награда за истиот. Она што нема да им оди во прилог во последното тромесечие е реализација на планови поврзани со промена на местото на живеење.
Од друга страна, пак, на емотивен план ќе може да се пофалат со низа динамични и задоволителни емотивни односи и оние кои се слободни (можност за интересна врска со некој од соседство), како и оние кои се во долга врска (во втората половина од годината доста Стрелци ќе стапат во брак).

Поволни месеци: Февруари, Мај и Октомври.
Неповолни месеци: Ноември и Декември.

ЈАРЕЦ

Оваа година за Јарците ќе биде значајна по тоа што после доло време ќе го решат станбеното прашање, како и инвестиции во недвижен имот (за оние на кои им е веќе решено тоа прашање). Првата половина од годината е одлична за започнување на приватен бизнис, а оние кои работат за друг, во втората половина од годината ќе доживеат значителен прогрес и финансиска награда за вложениот труд. Последното тромесечие може да донесе ризик од непромислени и избрзани финансиски одлуки, така што, избегнете го тој период за финансиски вложувања кои не ви се неопходни.
Најчуствително поле за Јарците кои се во стабилна врска или брак ќе биде токму полето на партнерски односи, особено во последните 4 месеци од годината, кога би требало да се внимава на избрзани и непромислени одлуки, додека Јарците кои се слободни може да очекуваат враќање на личност од минатото со која без размислување повторно ќе започнат врска.

Поволни месеци: Јануари, Мај и Јули.
Неповолни месеци: Октомври, Ноември и Декември.

ВОДОЛИЈА

Динамичните Водолии во првата половина од оваа година ќе треба да бидат екстремно влијателни со финансиските планови, од причина што ќе имаат зачестени одливи и непланирани трошоци. Исто така, на професионален план кон крајот на годината (особено последните три месеци) Водолиите ќе треба да внимаваат на работа, каде што ќе бидат соочени со сериозни предизвици и ризици во работата кои ќе им се одразат на стабилноста и работната позиција. Доколку сакаат да направат професионални промени, добро е да се искористи првата половина од годината за истите, затоа што втората половина ќе биде исполнета со низа непријатности и нелагодности на професионален план.
Од друга страна, пак, на емотивен план, Водолиите кои се во стабилен емотивен однос, може да очекуваат официјализација на истиот, зацврстување на врските кои на некој начин не биле формални, а слободните претставници на овој знак ги очекува тајна врска која целосно од корен ќе им го промени животот.

Поволни месеци: Јуни, Јули и Август.
Неповолни месеци: Ноември и Декември.

РИБИ

Рибите уште од минатата година се соочуваат со сериозни предизвици и потешкотии на личен план благодарение на Сатурн, кои ќе продолжат и оваа година, но веќе во олеснителен правец, од причина што доста голем број Риби веќе направија длабоки промени во личните навики, како и „принудни“ промени во приватниот живот. За голем дел од овие претставници е препорачано инвестирање во образовни процеси кои ќе бидат профитабилни, особено во првата половина од годината.
Рибите кои се во стабилен емотивен однос, во втората половина од годината може да очекуваат проширување на семејството, како и инвестичии во недвижен имот, додека оние Риби кои се слободни, во првата половина може да очекуваат почеток на стабилна врска, но втората половина е паметно да се избегнат почетоци на нови емотивни врски, од прилина што доста Риби ќе бидат соочени со предизвик на враќање на личност од минатото како пречка за одржување на потенцијална нова врска.

Поволни месеци: Февруари, Март и Јуни.
Неповолни месеци: Јануари, Мај и Декември.

Sирни ги последните објави на URMA блог