Добредојде во URMA Универзумот

Здраво, здраво или како што ние би кажале, добродојде во URMA Универзумот. 😊

Многупати пробавме да го напишеме овој текст, но со оглед на тоа што воопшто немаме искуство во пишување на каква било форма на текстови кои би биле читани од поширката јавност, многу тешко ни одеше. Напиши, избриши, напиши, преправи – никако не ни успеваше. Инспирирај се, ископирај, преведи – пак ништо. Побаравме и помош од пријател, стручно лице, со искуство во пишување и изразување, но повторно ништо, зошто секако текстот требаше да искочи од нас две.

И така, после многу обиди, сфативме дека нема што да филозофираме кога тоа не е нашата работа 😊

Седнавме и го склопивме ова за 5 минути. Едноставно си напишавме што сакаме да кажеме и конечно да ја имаме нашата прва блог објава. 😊

Ако го читаш ова веќе си се запознал/а со URMA, но сепак дозволи ни да ти се/ја „претставиме“. Ние сме две сестри, Анастасија и Александра, или поедноставно Бела (важи и за двете). 😊

Како сестринско дуо, двете слични но многу различни, ја создадовме URMA за ги доближиме до тебе скоро сите работи што самите ги применуваме и користиме. Во URMA сè е насочено кон наоѓање на интересни содржини, дизајни и креации и нивно доближување до тебе. Тука ќе најдеш ептен добар избор на производи од наши локалци, до оние на другиот дел на светот, од познати брендови, до не-толку-познати, од минималистички замисли, до максималистички идеи… За името ни беше инспирација УРМАТА како древен плод кој луѓето во минатото му наоѓале разновидна примена, односно го користеле како храна, лек, од палмите создавале гаџети за домот, итн… 

URMA БЛОГ го замисливме како мало место за скролање во коe што ќе може да ги споделиме со тебе сите практики од секојдневниот живот, искуства на наши блиски пријатели и соработници, совети од стручни лица за најактуелните теми. Во овој блог ќе ги поканиме да поразговаараат со нас сите оние на кои искрено им се восхитуваме, креативци, основачи на мали бизниси, претприемачи, доктори и стручни лица и сите оние што имаат што да кажат на темите кои нѐ интересираат нам, а и тебе, и со своето искуство ќе ни помогнат и ќе ни го олеснат секојдневието. 😊 

Фала за внимaнието и се надеваме дека ќе се „насладиш“,
Бели

Sирни ги последните објави на URMA блог