Понекогаш (во ред, најчесто) немаме 20+ минути да лежиме со специјални очила под професионален LED уред. За среќа, имаме решение: домашна LED Face Mask или ЛЕД маска за светлосна терапија – најновиот гаџет во низата технолошки уреди кои направија транзиција од „достапно само во салон за убавина“ до „достапнo и по дома“. LED Маската може да се користи додека паралелно се извршува секојдневната рутина и обврски, без разлика дали тоа е одговарање на еmail-ови, „бркање“ на deadlines, правење маникир, гледање телевизија или готвење.
Овој уред често можеме да го забележиме и на feed-овите на Instagram профилите на Викторија Бекам, Кортни Кардашијан, Мадона и Криси Тиген, кои длабоко веруваат во неговиот трансформативен ефект.
LED маската е дел од рутината и на Катарина Ивановска:
„Во последниов период живеам доста динамично и немам доволно време да посетувам салони за убавина, па LED маската ми е супер за третирање по дома. Ја користам додека читам книга, спремам брз доручек или вршам некоја домашна обврска“, вели таа.
Ќе се обидеме накратко да одговориме на најчесто поставуваните прашања поврзани со овој револуционерен уред.
Што е светлосна терапија и како функционира?
Светлосната терапија е третман кој постои повеќе од 30 години и кој е погоден за употреба за сите типови на кожа.
Светлосната терапија е процесот на изложување на кожата на различни бранови должини на светлина, вклучувајќи црвена, сина и жолта, кои продираат длабоко под површината на кожата.
Светлината што ја емитува LED маската за лице се апсорбира во кожата, а секоја различна боја стимулира различен одговор на проблемот кој се третира – што значи дека секоја боја е со различни придобивки за нега на кожата.
Кои се придобивките од користење на LED Маска?
Кога се користи редовно, светлосната терапија има многу придобивки. Терапијата со LED светло е неинвазивен третман на кожата за акни, против стареење, оштетување од сонце, хиперпигментација, rosacea, досадна кожа и многу други кожни состојби.
Дали се LED Маските безбедни за користење?
Да. Повеќето skincare експерти се согласуваат дека LED маските за лице се безбедни бидејќи се неинвазивни и не испуштаат УВ светлина, сè додека се следат упатствата и се користат според препораките. LED диодата што се користи во домашните уреди е многу послаба од онаа во салонот, а домашните уредите често се подложени на многу поригорозно тестирање бидејќи треба да бидат доволно безбедни за да се користат без присуство на професионалец.
Дали LED Маската може да се користи секој ден ?
Секоја LED маска за лице има различна препорачана употреба, но повеќето треба да се користат не повеќе од 3 пати неделно по 20 минути, или 5 пати неделно по 10 минути.
Каква боја LED светлина и е потребна на твојата кожа ?
ЦРВЕНА терапија со светлина: Anti Aging
Третманот со црвено светло ќе ја исполни кожата и ќе помогне да се изедначат фините линии. Се користи против стареење и намалување на брчките преку стимулирање на фибробластните клетки да произведуваат и лачат колаген и еластин. Исто така, се верува дека ги намалува цитокините, кои предизвикуваат воспаление.
СИНА светлосна терапија: Anti Acne
Спречува и третира благи до умерени акни. Оваа специфична бранова должина го стимулира производството на радикали на кислород кои ги убиваат бактериите P. Acnes (бактерии кои предизвикуваат акни), без да ја оштетат кожата. Терапијата со сина светлина исто така е клинички докажана дека го контролира производството на себум/масло.
ПОРТОКАЛОВА светлосна терапија: Anti Redness
Ја подобрува функцијата на проток на кислород во клетките, ја забрзува циркулацијата, помага во избледување на пигментите и е корисни за подобрување и омекнување на кожата.