Оризови spring rolls со зеленчук и сос од кикирики

Почетокот на пролетта мораме да го означиме и со некоја супер пролетна закуска. Надежда Шодан овој пат ни спреми оризови spring rolls. За нив, можеби ќе ви треба малку повеќе трпение при припремата на зеленчукот, но штом ќе го исечкате, останатиот дел од спремањето е лесен. 😊 

Оризови spring rolls со зеленчук и сос од кикирики

За сосот: 

  • 2 големи лажици путер од кикирики 
  • 1 голема лажица соја сос
  • 1 голема лажица агаве или јаворов сируп
  • 1 рендано лукче 
  • 1 мало лажиче рендан ѓумбир 
  • Половина цеден зелен лимон 
  • 1 мала лажичка срирача или лут сос по избор 
  • Малку вода 

За ролничките: 

  • Оризови „хартии“ (листови)
  • Зеленчук по избор. Тука има: краставички, морков, марула, босилек, манго, авокадо, шарени пиперки и виолетова зелка. 

Постапка: 

Се прави сосот, со мешање на сите состојки. 

Зеленчукот се сецка на лентички. Оризовите листови се потопуваат кратко во топла вода (околу 15 секунди) и се полнат со зеленчукот. Се виткаат како бурито и се сечат на пола, пред послужување.

П.С. Можете да ставите кој било зеленчук, а секако може да додадете и ракчиња, тофу, нудли…

Уживајте ❤️

Sирни ги последните објави на URMA блог