Key Molecule Jelly Cleanser – Гел за чистење на лице
За козметичките производи да го постигнат својот максимален ефект, неопходна е
соодветна подготовка на кожата, која започнува со темелно и ефикасно чистење.
Кожата, особено на лицето, секојдневно е изложена на голем број хемиски агенси – како
од околината, така и од козметичките препарати.
1,305.00 ден
Опис
Зошто е важно чистењето на кожата?
Познато е дека загадувањето на воздухот е вториот најзначаен фактор (по UV зраците)
кој предизвикува оксидативен стрес, појави на хиперпигментации и предвремено
стареење.
Нечистотиите на лицето кои потекнуваат од:
недоволно отстранета шминка,
креми со заштитен фактор,
честички од воздухот и
природниот себум,
дополнително придонесуваат за запушување на порите, акни, оштетување на
микробиомот, неуедначен тен и појави на брчки. Овие нечистотии, доколку не се
отстранат, го намалуваат и дејството на активните состојки од козметичките производи.
Затоа, чистењето на лицето наутро и навечер со соодветен производ е суштински дел од
секоја рутина.
Дејство и предности на Jelly Cleanser
Jelly Cleanser е гел за миење на лице кој ефикасно ги отстранува нечистотиите, без да
ја исуши кожата и без чувство на затегање.
Погоден е за сите типови кожа, дури и за најчувствителна.
Богатата, свиленкаста текстура овозможува нежно, но темелно чистење, без нарушување
на хидролипидната бариера.
Благата формулација и внимателно избраните сурфактанти се погодни и за осетлива и
реактивна кожа, а доволно ефикасни за масна и проблематична кожа.
Традиционалните алкални сапуни и производите со сулфати (SLS, SLES) ја нарушуваат
бариерата на кожата и можат да предизвикаат прекумерно сушење, иритации или
рефлексно зголемено лачење себум.
KM Jelly Cleanser ја одржува природната pH рамнотежа на кожата (5–5.5), го зачувува
нејзиниот микробиом и физиолошката флора, а може да се користи како:
прв чекор во утринската рутина, и
втор чекор во методата на двојно чистење (по маслен чистач).
Клучни состојки
Глутаминска киселина – неесенцијална аминокиселина и дел од природниот
навлажнувачки фактор (NMF). Има висока способност за врзување вода, ја подобрува
хидратацијата и го одржува балансот на хидролипидната бариера. Погодна е дури и за
кожа со себороичен дерматитис, егзема или розацеа.
Фруктоза, сахароза и декстрин – дејствуваат како хумектанси, супстанции кои ја
врзуваат водата и овозможуваат долготрајна хидратација и мекост на кожата.
Бизаболол – природна состојка од камилица со силно смирувачко и антиинфламаторно
дејство, која помага при иритации и црвенило.
Состојки (INCI):
Aqua, Disodium Laureth Sulfosuccinate, Sodium Lauroyl Sarcosinate, Sodium
Cocoamphoacetate, Lauryl Glucoside, Sodium Methyl Cocoyl Taurate, C12-C13 Alkyl Lactate,
Hexylene Glycol, Fructose, Glucose, Sucrose, Urea, Dextrin, Alanine, Glutamic Acid, Aspartic
Acid, Hexyl Nicotinate, Glycerin, Cellulose Gum, Cocamidopropyl Betaine, Benzyl Alcohol,
Dehydroacetic Acid, Bisabolol, Disodium EDTA, Citric Acid.
Начин на употреба:
На влажна кожа нанесете 1–2 пумпи од производот и нежно масирајте со кружни
движења.
Потоа темелно исплакнете со вода.
Она што треба да го знаете:
pH вредност: 5–5.5
Без SLS, SLES, алкохол, синтетички мириси и бои
Пакување: 200 ml





