LuxBox Smart ICE GOLD Маса

Повеќенаменска маса од бел природен мермер и златна метална рамка која освен што може да ја користите како помошна маса за лаптоп, може да биде и странична маса каде ќе ставите ламба, книга или вазна со цвеќе.

8,500.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , , ,

Опис

  • Боја на мермер : Бела
  • Димензии : 50x40x40cm
  • Материјал : Природен мермер , Метал
  • Боја на метал : Златна Мат

 

Кога зборуваме за функционалност и естетика мислиме на Smart масата изработена од природен мермер и метална конструкција. Поставувајќи го долниот дел од металната рамка под софата, масата се вклопува токму за да ви биде на дофат. Идеална е за вашиот лаптоп или едноставно да ставите пуканки додека гледате филм. Достапна е во два видови на мермер: бел и црн, но секако и по нарачка со било каков мермер од нашата понуда.

* Поради природниот материјал од кој се изработени производите на LuxBox секое парче е посебно и уникатно, па очекувано е да има различности во однос на прикажаните слики, а можно е да се забележат и “совршени несовршености” како мали пукнатини, дупчиња и бои на мермерот.

Одржување :
За да ја исчистите мермерната површина доволна е мека крпа со вода или пак детергент за миење садови. Никогаш не користете белило! Ова е порозен материјал кој впива течности, па доколку Ви се истури течност треба веднаш да ја избришете за да избегнете дамки. Како виното така и мермерот со стареење станува уште поубав. Малите дамки и траги му даваат посебен карактер на Вашето мермерно парче, засакајте ги!

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.