Мома крема за мрсна кон нормална кожа Towards the within
Мома крема за мрсна кон нормална кожа Towards the within
30мл
700.00 ден
Опис
Идејата за козметиката тлееше долго време пред да се реализира во проект. Се роди во едно магично место, пред десетина години, меѓу полиците од книгите и инспиративните приказни, во една од најубавите книжарници во градот. Со мојата другарка Ели, (и двете сме Ели :)), гладно ги исчитувавме сите информации за навраќањето кон природата, за совршената креаторка, мајката Земја и за она што широкоградо ни го дава. Во исто време едната од нас се соочуваше со егзема и секој рецепт со нетрпение се испробуваше. Многу работи научивме од традиционалните знаења на нашите простори и од книгите на билкарите и ароматерапевтите. Денес со гордост можеме да се пофалиме дека со она што го применуваме ги надминавме сите кожни состојби, и што е најважно од сѐ, чувството дека кожата повторно дише, е прекрасно.
Ова е тоа што уживаме да го правиме во секое време. Комбинираме и мешаме растителни масла и мириси во теглички и шишенца. Секоја нова комбинација со радост ја тестираме и усовршуваме. Се инспирираме и од искуствата на други што ја делат страста кон природната козметика и додаваме и сознанија до кои ние доаѓаме преку секојдневна употреба. Миксираме сапуни по старите рецепти на бабите (по малку усовршени) и трпелливо чекаме цел месец да созреат. Правиме мали количини, со многу грижа, сѐ со цел да останеме поврзани со неа – Земјата која дава и храни. Многу сме им благодарни на тие што веќе долго време ни даваат поттик и мотивација да излеземе од кожурецот, на најблиските за техничката поддршка и позитивните критики, и на сите кои ја препознаваат вибрацијата и резонираат со неа.
Производите содржат: природни масла, пчелин восок, етерични масла, растителни путери, билни екстракти во масло. Со користењето на продукти од македонското поднебје (глина, пчелин восок, растителни масла), сакаме да им придодадеме географски квалитет и автентичен состав на производите.
Мома производите не содржат *парабени *конзерванси *вештачки мириси *парафински масла *не се тестирани врз животни
Нашата визија за Мома е да биде бренд за урбани девојки и жени, кои имаат изострен софистициран вкус, а истовремено се свесни што нанесуваат секојдневно на својата кожа. Замислата за производите е да се модерни, проткаени со мудроста на традицијата.
Благопријатен состав кој ја балансира, регулира и ја храни мрсната кожа, правејќи ја мека и елестична. Содржи природен пчелин восок, масло од семки од грозје, сусамово масло, ладно цедено сончогледово масло, јојоба и други масла кои делуваат хармонизирачки врз функцијата на порите. Етеричното масло од чајно дрво има антивоспалително и антибактериско дејство, помага при регулација на себумот, а делува и астрингентно. Нежно ја смирува кожата која е склона кон акни, мозолчиња и црвенило. Се нанесува на влажно лице. За секојдневна употреба.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.