Skintegra Amphibian Гел за чистење на лице

Исклучително нежен гел за чистење за нормална до мрсна кожа.

200ml

1,110.00 ден

Категории: , , ,

Опис

Нежното, но темелно чистење на лицето е важно за да се одржи кожата здрава и функционална. Изборот на благо средство за чистење за дехидрирана кожа е еден од најважните чекори во секојдневната нега.

Кожата без сувост и иритација, и совршено чиста од шминка, себум, заштитен фактор и нечистотии од околината, е можна со иконскиот Skintegra Amphibian, исклучително нежен гел за чистење дури и за најчувствителната кожа. Текстурата на Amphibian е неверојатно лизгава (аква-желе) и дизајнирана да постигне извонреден ефект на отстранување на површинските нечистотии со минимална количина на производ.

Skintegra Amphibian се базира на благи, дермокомпатибилни амфотерични и аминокиселински сурфактанти (чистачи), кои нежно ја чистат и ја оставаат кожата мазна и смирена. Во оваа формулација Skintegra, процентот на сурфактанти е помал од процентот на навлажнувачки супстанции, кои, имајќи ја предвид чувствителната кожа, внимателно ги избалансиравме со смирувачки компоненти: бетаин и бисаболол ја смируваат и зајакнуваат кожата, а комплексот од бакар, цинк и минералите на магнезиум е традиционално користен „рецепт“ за оштетена и воспалена кожа (акни, дерматитис, иритации).

Skintegra Amphibian е оптимизирана pH (5,5) и формулирана без парфем, денатуриран алкохол и синтетички бои и не содржи SLS, SLES, сапун или абразивни честички. Бојата на производот доаѓа од минералите во него.

Како да се користи:
Исчистете го лицето само со Amphibian или по отстранување на шминката со Atomic како втор чекор за чистење. Добро исплакнете и веднаш продолжете со нанесување на омилените пилинг, серуми и креми.

Состојки:

AQUA, GLYCERIN, SODIUM COCOAMPHOACETATE, PENTYLENE GLYCOL, LAURYL GLUCOSIDE, BETAINE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, SODIUM LAURYL GLUCOSE CARBOXYLATE, BISABOLOL, ZINC PCA, COPPER GLUCONATE, MAGNESIUM SULFATE, XANTHAN GUM, ACACIA SENEGAL GUM, DISODIUM EDTA, CITRIC ACID

Повеќе информации:
КАТЕГОРИЈА: 1 (ЧИСТЕЊЕ)

НАМЕНА: Екстремно нежен гел за секојдневно чистење на лицето

ТИП КОЖА: Сите типови на кожа, но првенствено мрсна до нормална

СПЕЦИФИКАЦИЈА: Нежни сурфактанти, глицерин, бисаболол и бетаин + минерален комплекс (Cu – Zn – Mg)

PH 5,5

МИРИС И ТЕКСТУРА: Благ освежителен мирис

ПАКУВАЊЕ: Хигиенско пакување со пумпа, 200 мл

Клучни состојки и придобивки:

HYDRATION
GLYCERINE
ZINC PCA
BETAINE
DYING
BETAINE
BISABOLOL
ANTI-INFLAMMATORY
ZINC PCA
COPPER GLUCONATE
MAGNESIUM SULFATE

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.