Tava Сет за сервирање 20cm
Ако барате робусна и долготрајна тава за секојдневно готвење, тавата од леано железо Tava е идеален избор за љубителите на автентична кујна и природни материјали. Оваа тава е создадена за оние што сакаат вистински вкус, одлична топлинска контрола и единствен сад што со текот на времето и користењето станува сè подобар.
1,370.00 ден
Опис
- Капацитет: една порција
- Материјал: Леано железо (без никакви штетни премази и слоеви, НЕМА ТЕФЛОН)
- Употреба: На сите видови шпорети, вклучувајќи индукција, во рерна и на отворен оган
- Одлично задржување на топлина и природна нелеплива површина со правилно користење
- Неопходен е правилен процес на seasoning за да се формира нелеплив слој на тавата
Не се пере во машина за садови (само рачно миење и сушење)
Изработена од висококвалитетно леано железо (гус), оваа тава е речиси неуништива.
Овозможува исклучително задржување и рамномерна распределба на топлината, што ја прави совршена за пржење, печење, подготовка на зеленчук и традиционални рецепти.
⚠️ Важно за користење и одржување
Бидејќи тавата не е емајлирана, потребно е правилно одржување за да се зачува квалитетот и функционалноста:
-
Пред прва употреба, треба да се направи “seasoning” (постапка на премачкување на тавата со сончогледово масло (никако маслиново) и печење во рерна)
-
По миење, секогаш целосно исушете ја и нанесете тенок слој масло. Влагата е најголем непријател на овие тави и било какво подолго изложување на влага може да ја кородира тавата.
-
Може да се користи и железен прибор за готвење
- Гответе на пониска температура од вообичаено
-
Избегнувајте долготрајно киснење во вода
-
Не чувајте храна во тавата подолго време
Со правилна грижа, оваа тава ќе трае со децении и ќе биде незаменлив дел од вашата кујна.
Тавата од леано железо TAVA е совршен избор за оние што ја ценат традицијата, издржливоста и вистинскиот вкус на храната – сад кој се пренесува од генерација на генерација.











