Ирис

Автор: Емили Обочки

300.00 ден

Категории: ,

Опис

Новелата “Ирис” од Емили Обочки опфаќа разни теми: последиците од војната врз развојот на децата, психолошкото созревање на поединецот и љубовта во семејството, сите вешто испреплетени во една целина која буди силни емоции кај читателите. Како едно дете живее со концеквенциите од тоа бурно време ? Што значи човек да се разбуди во сосема ново семејство ? Моќно дело каде што се поврзани макотрпната војна и потребата од своите најблиски, а на многу реален начин е доловена пропаста на човекот при одделување од својата фамилија. Со првиот чекор во новиот дом Дороти Еванс запаѓа во една заблуда за својата околина, која суптилно ги прикажува нејзините најстрасни каприци и во која секоја споменета индивидуа ја претставува една од петте фази на тагување. Но, дали тука војната во сопствените емоции се издигнува над онаа што всушност била нејзин причинител ?

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.