Key Molecule Smooth Bounce Крема

Smooth Bounce е крема со богата текстура која ја обновува хидролипидната бариера, го
намалува трансепидермалното губење на вода и ја регенерира кожата од надворешните
секојдневни стресори. Наменета е за сува, дехидрирана и груба кожа, но исто така и за
кожа склона на акни и кожа со први знаци на стареење. Во својот состав содржи комплекс
на минерали, комплекс на витамин Б, екстракт од Centella asiatica, сквалан, пантенол и
алантоин со цел враќање на енергијата на кожата на клеточно ниво, нејзино обновување и
хидратација.

1,690.00 ден

Категории , , , ,

Опис

Со употреба на кремата Smooth Bounce, кожата станува мека, еластична и блескава. Може
да ја користат сите типови кожа, бидејќи не е тешка, брзо се впива и не остава мрсно
чувство на кожата. Погодна е за нега на кожата по инвазивни козметички/дерматолошки
третмани (како хемиски пилинг, ласерски третман итн.) со цел опоравување. Поради
внимателно одбраните состојки, лицата со чувствителна и реактивна кожа можат да ја
користат Smooth Bounce.
Надворешните фактори (загадувањето од воздухот, UV зрачењето), неурамнотежената
исхрана и периодите на стрес се одразуваат на нашата кожа. Последиците се уморна,
безживотна кожа со нерамномерен тен и изразени знаци на стареење. Минералите кои се
присутни во нашата крема Smooth Bounce го отстрануваат уморниот изглед на кожата, ѝ ја
враќаат блескавоста и свежиот изглед. Комплексот на витамин Б е поефикасен во споредба
со дејството на поединечните витамини, затоа што поради своето синергистичко дејство
обезбедува оптимално ниво на нега на кожата. Екстрактот од растението Centella asiatica
содржи голем број биоактивни супстанции и покрива широк спектар на својства, од кои се
издвојуваат антиоксидативно, антиинфламаторно и антимикробно дејство.

Клучни состојки
Centella Asiatica (Centella Asiatica, Apiacea) е повеќегодишно растение кое е
распространето во региони на Азија, источна Европа и јужна Африка. Поради своите
дејства, едно е од најраспространетите растенија во ајурведската и кинеската медицина,
пред сè во третман на рани и изгореници. Билните екстракти се богати извори на
биоактивни супстанции како тритерпенски сапонини, флавоноиди, тритерпенски стероли,
аминокиселини и други. Најважните компоненти кои се одговорни за дерматолошката и
фармаколошката активност на овој екстракт се: азијатикозид, мадекасозид, азијатична
киселина и мадеказична киселина. Екстрактите од ова растение, познато и како gotu kola
или тигрова трева, покажуваат антиинфламаторни, антиоксидативни и антимикробни
својства. Ја зголемуваат хидратацијата на stratum corneum-от и го намалуваат
трансепидермалното губење на вода. Докажано е дека ја стимулираат синтезата на колаген
и ги намалуваат воспалителните процеси.
Комплексот на минерали во нашата крема е внимателно избалансиран. Содржи четири
минерали (натриум, магнезиум, цинк и манган) кои се врзани за пиролидон карбоксилна киселина, која инаку природно постои во кожата и учествува во нејзината хидратација. Со
своето дејство имаат ревитализирачки ефект на кожата, враќајќи ѝ ја виталноста и
живоста.
Комплексот на витамин Б ги опфаќа следниве витамини: B1, B2, B3, провитамин B5, B6
и B12. Тие имаат поволен ефект врз кожа склона кон себороичен дерматитис, ја регулираат
pH вредноста на кожата, го регулираат лачењето на себум и го намалуваат сјаењето на
кожата поради зголемената активност на лојните жлезди.
Пантенолот има важна улога во хидратацијата на кожата, поради својата способност да
врзува вода и да спречи губење на вода од кожата. Покажува регенеративно и смирувачко
дејство на кожата.
Скваланот е стабилна форма на сквален, кој е еден од липидите на кожата (присутен е со
10–16% од вкупните липиди), поради што се смета за компатибилен со кожата и безбеден
за употреба (skin friendly). Значаен е за нега на кожа кај која е нарушен хидролипидниот
слој (себороичен дерматитис, егзема, розацеа) и може да се користи дури и за
најчувствителна кожа. Со лесна текстура, создава пријатно чувство на кожата, го намалува
губењето на влага, ја одржува кожата еластична, покажува антиоксидативен ефект и ја
зајакнува кожната бариера.

Состојки:
INCI: Aqua, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Glyceryl Stearate SE, Yeast Extract, Stearic
acid, Sodium PCA (и) Magnesium PCA (и) Zinc PCA (и) Manganese PCA, C12-15 Alkyl
Benzoate, Tocopheryl Acetate, Panthenol, Squalane, Centella Asiatica Leaf Extract, Allantoin,
Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Propylene glycol, Sorbitol, Phenoxyethanol,
Ethylhexyglycerin, Potassium Sorbate.

Начин на употреба:
Нанесете мала количина од кремата на лицето и деколтето како последен чекор во
рутината, наутро и/или навечер.

Она што треба да го знаете:
Без алкохол, синтетички мириси и бои.
pH вредност: 5.5–6
Пакување: 50 ml