LuxBox Basic ICE M Maса

Елегантно и современо парче мебел изработено од бел природен мермер и црна метална рамка. Идеална маса за кафе која совршено прилега во секој ентериер.

12,600.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , ,

Опис

  • Боја на мермер : Бела
  • Димензии : 45x60x60
  • Материјал : Природен мермер
  • Боја на метал : Црна

 

Мермерната маса со метална конструкција BASIC е комбинација од елегантен природен мермер и модерна метална рамка. Овој прекрасен спој од материјали е идеален за оние кои сакаат минималистички и современ дизајн, а притоа и мал дел од природата кој внесува свежина во домот. BASIC е достапна во три величини: S, M и L, и во пет видови на мермер: бел, црн, сив, кафен и зелен.

*Поради природниот материјал од кој се изработени производите на LuxBox секое парче е посебно и уникатно, па очекувано е да има различности во однос на прикажаните слики, а можно е да се забележат и “совршени несовршености” како мали пукнатини, дупчиња и бои на мермерот.

Одржување
За да ја исчистите мермерната површина доволна е мека крпа со вода или пак детергент за миење садови. Никогаш не користете белило! Ова е порозен материјал кој впива течности, па доколку Ви се истури течност треба веднаш да ја избришете за да избегнете дамки. Како виното така и мермерот со стареење станува уште поубав. Малите дамки и траги му даваат посебен карактер на Вашето мермерно парче, засакајте ги!

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.