LuxBox ICE Low Маса

Монументалната маса за кафе од природен бел мермер истовремено е и идеален украс за дневниот простор.

26,000.00 ден

SKU: Недостапно Категории: , , , ,

Опис

  • Боја на мермер : Бела
  • Димензии : 27x60x100cm
  • Материјал : Природен мермер

 

Евоцирајќи го гламурот на дизајните на италијанскиот мебел од 1950-та, LuxBox мермерните маси се одликуваат со целосна мермерна обвивка на која елегантно прикажаните природни вени внесуваат софистицираност и свежина во секој ентериер. LuxBox e достапен во три димензии: Low, Cubic и Tall, и во четири видови на мермер: бел, црн, сив и кафен.

* Поради природниот материјал од кој се изработени производите на LuxBox секое парче е посебно и уникатно, па очекувано е да има различности во однос на прикажаните слики, а можно е да се забележат и “совршени несовршености” како мали пукнатини, дупчиња и бои на мермерот.

Одржување
За да ја исчистите мермерната површина доволна е мека крпа со вода или пак детергент за миење садови. Никогаш не користете белило! Ова е порозен материјал кој впива течности, па доколку Ви се истури течност треба веднаш да ја избришете за да избегнете дамки. Како виното така и мермерот со стареење станува уште поубав. Малите дамки и траги му даваат посебен карактер на Вашето мермерно парче, засакајте ги!

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.