Марта Верина
Драмата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски е возбудлив спој на модерен драмски ракопис и класичен трагички образец.
300.00 ден
На залиха
Опис
Драмата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски е возбудлив спој на модерен драмски ракопис и класичен трагички образец. Драгана Лукан Николоски нѐ вовлекува во приказната во која уште од самиот почеток ја претчувствуваме судбината на главните ликови и стануваме сведоци на вртлогот кој ги води кон крајот, кој одбива да се покори на образецот на трагедијата, па остава простор за надеж, скапоцена, ретка и необична. Како одличен драматург, детално запознаен со психологијата на ликовите, авторката ни претставува тридимензионални луѓе од крв и месо, со сите нивни мани, грешки и горчина. Избегнувајќи каква било патетика, со многу разбирање за речиси апсурдната положба на современиот човек, распнат меѓу работата, семејството, интимноста, наметнатите стандарди за успехот и изгледот, со добро дозирана горчина и специфичен хумор, Драгана Лукан Николоски му остава простор на секој од своите ликови да се искупи пред себе самиот, простор во кој ќе може да излезе од стереотипот, од тој специфичен затвор во кој е и жртва и мачител.
Кокан Младеновиќ, режисер