MMCreations Свеќа

MMCreations Свеќа

710.00 ден

Опис

MMCreations е мал локален бренд кој се роди во текот на пандемијата. Идеата беше да се прават производи кои најпрво нема да ја загадуваат средината.

Свеќите на MMCreations се рачно изработени, “садови” од цемент во различни бои и форми кои ги полниме со 100% природен восок. Восокот кој го употребуваме за нашите свеќи е природен, микс од соин 80% и кокосов 20% восок. Восокот од соја е растителен направен од масло од соја од еколошки обновливи ресусри, додека кокосовиот е безбоен и без мирис. Се смета за еден од најпосакуваните видови восок за изработка на свеќи бидејќи не произведува саѓи како останатите восоци.

Оваа свеќа е во сад изработен од цемент, бел цемент и додавање земјени или пигменти за добивање на посакуваната боја. Направена е со соин и кокосов восок, за жолата боја е користено дрвен фитил и додадени се суви ружички, со мирис на јасмин.

Димензии: 6,5цм и тежина околу 530гр.

Останатите информации се вметнати на кутијата.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.