PURA PERLA Youth Glow Серум за лице
30ml
1,100.00 ден
Опис
За сјајна и млада кожа со совршен изглед.Со 5 % на стабилна форма на Витамин Ц, Натриум Аскорбил Фосфат и 2 % на SkinWhite Herb, микс на екстракти кои ќе го подобрат тонусот на кожата, ќе го изедначат и осветлат тенот а кожата ќе заблеска со нов сјај.
Формула збогатена со Витамин Е и Сквалеин кои помагаат во борба против слободните радикалии и ја подобруваат кожната бариера. За крај, тука е и хијалуронската киселина за израмнување на фините линии и за вечен младешки изглед на лицето.
Начин на употреба:
Се нанесуваат неколку капки на чиста дланка и нежно се масира серумот низ целото лице, очи и врат. Доколку сте почетници со употреба на витамин ц, првите 2 недели користете го само 2-3 пати неделно па потоа полека преминете на секојдневна употреба. Кога се нанесува: наутро, после тоник а пред хидратантна крема. За најоптимални резултати потребно е да се користи серумот редовно, 2 месеци.