Што е архитектура ? и 100 други прашања

Автор: Размус Верн, Герт Вингорд

600.00 ден

Категории: ,

Опис

“Што е архитектура?” го истражува светот на архитектурата низ 100 прашањa и 100 одговори.

Зошто светот е најубав на самрак? Дали објектите имаат спомени? Дали историјата има иднина? Што e камен? Која е улогата на политиката во архитектурата? се само дел од прашањата што ги поставуваат авторите на оваа книга.

Вешто избегнувајќи монотоно симплифицирање на интелектуалната мисла, оваа книга може да поттикне љубопитност кај читателите за продлабочување на интересот околу некои навидум очигледни прашања, чии одговори никогаш не се ниту конечни, ниту едноставни.

Ова е искрено четиво што бара континуирано преиспитување на вредностите и навидум апсолутните вистини. Можеби, сега повеќе од било кога, во потрагата по вистинските одговори, потребно е поставување на вистинските прашања.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.