Tava Зелена емајлирана тава 25cm Tava

Со емајлираната тава TAVA, конечно во една тава добивате трајност како кај гусените тави, но со лесно одржување и без штетни премази/слоеви како кај тефлонските тави. Тоа ја прави единствена на пазарот и совршен избор за секој што сака да готви здраво, вкусно и безгрижно.

2,680.00 ден

Категории , ,

Опис

  • Големина: 25cm (идеална за готвење за 1-2 лица)
  • Материјал: Емајлирано леано железо
  • Тежина: 1,8 kg
  • Универзална примена – погодна за печење во рерна (до 250°C), пржење на сите типови рингли (вклучувајќи и индукција) и сервирање.
  • Одлично задржување на топлина и рамномерно загревање.
  • Издржливост – создадена да трае со години, дури и при секојдневна употреба.

❌ Не се препорачува употреба на отворен оган или директно на жар, бидејќи емајлот може да се оштети.

❌ Избегнувајте термален шок (нагли промени на температура)

❌ Не се пере во машина за садови (препорачливо е рачно миење и сушење)

Оваа тава е одличен избор за оние што сакаат комбинација од издржливост, модерен дизајн и лесно одржување.

Изработена е од лиено железо со висококвалитетен емајлиран слој (исто како и тенџерињата од истата линија) кој обезбедува долготрајност, рамномерна топлинска распределба и мазна површина што не реагира со храната.

За одржување, доволно е лесно миење со рака – не е потребен “seasoning” т.е. премачкување со масло како кај класичните  тави од леано железо.  Емајлот овозможува лесно чистење и не впива вкусови или мириси.

⚠️ Важно за ракување со температура

За да се заштити емајлот од пукање поради термален шок:

  • Избегнувајте нагли промени на температура (на пр. ставање ладна течност во врел сад или врела течност во ладен сад)
  • Оставете тавата постепено да се олади пред миење.
  • Не ја загревајте тавата празна на рингла и не гответе на висока температура.
Совети за користење и одржување

За да го задржите квалитетот на вашата тава Tava што подолго:

  1. Користете дрвен или силиконски прибор за да ја заштитите емајлираната површина.
  2. Избегнувајте абразивни средства и груби жици за чистење – миењето треба да биде рачно со сунѓер.
  3. Складирајте ја сува за да остане како нова со години.

Со TAVA, вашите ручеци денес стануваат спомени што ќе се раскажуваат утре – наследство што ја поврзува традицијата и љубовта кон готвењето.