Key Molecule Лосион за мрсна кожа
Лосионот е формулиран на база на алфа-хидрокси киселини (AHA) и бета-хидрокси
киселини (BHA) и е наменет за ексфолијација, односно за подобрување на текстурата на
кожата, намалување на воспалителните процеси (акни), изедначување на тенот и
подобрување на изгледот на порите и брчките.
1,920.00 ден
Опис
Дејство и придобивки
AHA киселините делуваат на два слоја на кожата – епидермисот (површинскиот слој) и
дермисот (подлабокиот слој). На нивото на епидермисот, поради својата хигроскопност
(способност за врзување на вода), овие киселини го зголемуваат степенот на хидратација;
го спречуваат абнормалното задебелување на клетките во површинските слоеви, ја
намалуваат нивната кохезија и ја стимулираат десквамацијата (лузењето на кожата), што
резултира со обновување и регенерација на епидермисот.
Во подлабоките слоеви, AHA киселините ја стимулираат синтезата на колаген и
гликозаминогликани (вклучувајќи хијалуронска киселина).
Поради овие механизми на дејство, AHA киселините се сметаат за мултифункционални
состојки:
го стимулираат обновувањето на зрела кожа кај која природниот клеточен циклус е
забавен поради стареење,
спречуваат абнормално задебелување на клетките во површинските слоеви кај
мрсна и комбинирана кожа,
ја одржуваат кожата чиста, ја изедначуваат бојата, помагаат во избелување на
хиперпигментации и ѝ даваат блескав изглед.
Во производот се присутни две AHA киселини — гликолна и млечна, во внимателно
избалансирани концентрации:
Гликолната киселина делува како ексфолијант, го подобрува тенот и текстурата на
кожата.
Млечната киселина го зголемува капацитетот на кожата за врзување на вода и ја
подобрува нејзината еластичност.
BHA киселините, слично на AHA, ја поттикнуваат десквамацијата, го намалуваат
создавањето на себум, ги избелуваат постоечките хиперпигментации и делуваат против
стареење преку стимулирање на колагенската синтеза.
Во овој лосион е присутна салицилна киселина, најзначајниот претставник на BHA
киселините, која е од суштинско значење за третман на мрсна и кожа склона на акни
поради својата липофилност — способност да навлезе во порите и да го раствори
себумот.
Со цел да се избегне иритација од киселините, во формулата се вклучени состојки со
смирувачко и регенеративно дејство: пантенол, екстракт од алое вера и алантоин.
Клучни состојки
Гликолна киселина – AHA киселина со најмал молекул, што ѝ овозможува да продре
подлабоко во дермисот и да ја поттикне синтезата на колаген и хијалуронска киселина. Го
подобрува тонусот и текстурата на кожата, ги намалува брчките и порите, и го изедначува
тенот.
Млечна киселина – AHA киселина со поголем молекул од гликолната, погодна за сите
типови кожа, особено чувствителна, бидејќи има низок потенцијал за иритација. Ја
зголемува влажноста, мекоста и еластичноста на кожата и го одржува нејзиниот pH благо
кисел, што го поддржува здравиот микробиом на кожата.
Салицилна киселина – BHA киселина која го намалува создавањето на себум и спречува
појава на комедони (затнати пори), делува антисептички и антиинфламаторно. Исто така,
стимулира синтеза на колаген и ја зголемува еластичноста на кожата, со што делува и
анти-гејџинг.
Ниацинамид (витамин B3) – моќен антиоксиданс со хидратантни својства; ја подобрува
еластичноста, го намалува создавањето себум и акни, го изедначува тенот и ја намалува
хиперпигментацијата.
Пантенол (провитамин B5) – врзува и задржува влага, има регенеративно и смирувачко
дејство, ја подобрува хидратацијата и го ублажува црвенилото.
Состојки (INCI):
Aqua, PPG-15 Stearyl Ether, Glycolic Acid, Propylene Glycol, Niacinamide, Lactic Acid,
Panthenol, Salicylic Acid, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Sulfur, Polysorbate 60, Aloe
Vera Barbadensis Leaf Extract, Allantoin, Sodium Hydroxide.
Начин на употреба:
На исчистена кожа еднаш дневно нанесете го лосионот со памучен тампон со нежни
движења, без триење на кожата и избегнувајќи ја областа околу очите.
Потоа продолжете со вообичаената нега на лицето.
Проматкајте пред употреба!
Она што треба да го знаете:
pH: 3.5–3.8
Салицилна киселина: 1.5%
Без алкохол, синтетички мириси и бои
Пакување: 200 ml
Напомена:
При употреба на лосионот може да се појави краткотрајно црвенило или благо
пецкање, што е нормална реакција при навикнување на кожата на хемиски пилинг.
Не користете го на оштетена, воспалена или иритирана кожа, ниту за време на третман
со ретиноиди.
Доколку се користи во текот на денот, задолжително нанесете крема со заштитен фактор
(SPF).
Не е наменето за деца. Само за надворешна употреба.





