PURA PERLA Antioxidant Серум
30 мл
950.00 ден
Опис
Серум за лице за масна и проблематична кожа. Иако 100 % маслен има брза апсорбирачка моќ и се впива во кожата веднаш хранејќи ја со богатиот состав на витамини и минерали. Со долготрајно дејство. Во составот е вклучено фамозното мароканско арганово масло – познат борец на акни и брчки. Содржи дури 80 % масни киселини, извор на витамини А и Е, на каротен, сквалеин и фенол што го прави борец бр.1 на слободните радикалии. Ноќната јаглика, богата со гамалинолејска киселина помага во регенерацијата на клетките, помага при нивно зацелување и ја враќа еластичноста на кожата. Чајното дрво, пак, е ефективен противник на бактерии, габи, вируси и спречува инфекции. Лавандата го дава финалниот смирувачки ефект. Производ кој е природен антисептик. Ќе ја нахрани кожата, ќе спречи воспаленија и ќе ја заштити од акни и флеки. Состав: масло од арган, масло од ноќна јаглика, масло од чајно дрво, масло од лаванда.
Информации за испорака
Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.
Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.