Key Molecule Hydra Fluid
Hydra Fluid е производ од типот емулгел (има карактеристики и на емулзија и на гел), при
што ваквата формулација овозможува соодветна хидратација што е карактеристично за
емулзиските формулации, а од друга страна е доволно лесна за да не предизвикува чувство
на тежина на кожата, брзо се впива и не остава мрсен или леплив филм — што е
карактеристично за формулации од типот гел.
1,535.00 ден
Опис
Хидратацијата – основа на нега на кожата
Хидратацијата е основа на негата на сите типови кожа во секое животно доба.
Хидрираната кожа има полност и еластичност; нејзината површина е измазнета, а
просторот меѓу клетките е пополнет, што ѝ овозможува да ја задржи способноста за
врзување на вода на својата површина. Резултатот е здрав изглед на кожата и зачувување
на нејзините физиолошки функции (одржување на интегритетот на кожната бариера и
заштита од надворешни агенси).
Hydra Fluid овозможува соодветна хидратација и го намалува трансепидермалното губење
на вода (губење на вода од површината на кожата), кое може да резултира со сушење на
кожата и нарушување на нејзината заштитна бариера.
Минималистичката формулација на овој производ овозможува Hydra Fluid да биде погоден
и за најчувствителна кожа, без да ги затвора порите. Кај комбинирана и мрсна кожа може
да се користи самостојно, додека кај сува кожа може да биде дополнителен чекор во
хидратацијата – пред нанесување на побогат производ.
Клучни состојки
Каприлно-капрински триглицериди се златен стандард меѓу емолиенсите. Ја прават
кожата мазна и мека, се стабилни, без боја и мирис, нетоксични и не ја иритираат кожата.
На површината на кожата создаваат немрсен и лесен филм, кој ја штити од губење на влага
и истовремено го зголемува навлегувањето на останатите хидратантни компоненти од
формулацијата, а покажуваат и антиоксидативна активност.
Глицерол е познат хумектанс, кој благодарение на својата хемиска структура има висок
афинитет за врзување на вода и е одговорен за навлажнување на кожата. Во комбинација
со емолиенси овозможува и одржува хидратација на кожата, а е докажано дека ги одржува
нормалните нивоа на водени канали (аквапорини) кои се одговорни за пренос на вода низ
кожата, дури и кога таа е изложена на UVB зраци.
Пантенол (Panthenol) или провитамин B5 има важна улога во хидратацијата на кожата,
поради својата способност да врзува вода и да спречи губење на вода од кожата. Покажува
регенеративно и смирувачко дејство на кожата.
Сквалан е стабилна форма на сквален – еден од природните липиди на кожата (присутен
10–16% од вкупните липиди), поради што се смета за компатибилен со кожата и безбеден
за употреба (skin friendly). Важен е за нега на кожа со нарушен хидролипиден слој
(себороичен дерматитис, егзема, розацеа) и може да се користи и кај најчувствителна кожа.
Со лесна текстура создава пријатно чувство, ја намалува загубата на влага, ја одржува
кожата еластична, има антиоксидативен ефект и ја зајакнува кожната бариера.
Бизаболол (Bisabolol) има смирувачко дејство и е погоден за нега на иритирана и
чувствителна кожа.
Состојки:
INCI: Aqua, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Polysorbate 80, Panthenol, Squalane,
Bisabolol, Tocopheryl Acetate, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Carbomer, Sorbitan
Stearate, Sodium Hydroxide.
Начин на употреба:
Нанесете со нежни движења 1–2 пумпи на чисто лице и деколте, наутро и/или навечер, по
нанесување на лосион/тонер.
Она што треба да го знаете:
pH вредност: 5.5
Без алкохол, синтетички бои и мириси.
Пакување: 30 ml





