Key Molecule Oil Cleanser – Маслен чистач за лице
Маслото за чистење на лицето претставува најважен чекор во негата на кожата, бидејќи
овозможува темелно отстранување на остатоци од козметички производи, загадувачи
од воздухот и себум, со што се овозможува активните состојки од козметичките препарати
да продрат во кожата и да го покажат своето целосно дејство.
1,535.00 ден
Опис
Дејство и примена
Употребата на маслен чистач е првиот чекор во вечерната рутина за нега на лице,
особено кога кожата треба подлабински да се исчисти од водоотпорни нечистотии —
шминка, креми со заштитен фактор и акумулирани загадувачи од текот на денот.
Маслениот чистач е погоден за сите типови кожа — од масна до исклучително
чувствителна кожа (склона на розацеа, егзема или себороичен дерматитис).
Оваа блага микроемулзија е идеална и за масна кожа склона на акни, бидејќи
овозможува ефикасно отстранување на вишокот себум и длабинско чистење на порите, без
да остава мрсен слој. По употребата, кожата е мазна, мека и подготвена за следниот чекор
во рутината.
KM маслениот чистач е доволно нежен за да се користи и во околуочната регија за
отстранување на водоотпорна шминка, без оставање на траги. Формулиран е така што
ефикасно ги раствора нечистотиите, шминката, UV филтрите и себумот, а притоа не
ја суши, не ја иритира и не ја мрси кожата.
Може да се користи самостојно или како прв чекор во рутината на двојно чистење –
што се препорачува кај комбинирана/масна кожа, при користење на SPF креми со
водоотпорни филтри или декоративна козметика.
Клучни состојки
Сквалан – стабилна форма на сквален, природен липид присутен во кожата (10–16% од
вкупните липиди). Го зајакнува хидролипидниот слој, ја прави кожата еластична, ја
намалува загубата на влага и има антиоксидативен ефект. Погоден и за најчувствителна
кожа (розацеа, егзема, себороичен дерматитис).
Масло од макадамија – богато со 80% мононезаситени масни киселини кои ја штитат
кожната бариера. Длабински продира, ја чисти кожата, делува како одличен емолиент и ја
прави мека и еластична. Безбедно за сите типови кожа, вклучително и чувствителна.
Масло од семки од грозје – лесно, немрсно масло богато со линолеинска киселина и
антиоксиданси. Го подобрува изгледот на кожа склона кон акни и хиперпигментации.
Екстракт од цвет од невен и бизаболол – имаат смирувачко дејство и се особено
благотворни за сува и иритирана кожа.
Состојки (INCI):
PEG-20 Glyceryl Triisostearate, Caprylic/Capric Triglyceride, C12-15 Alkyl Benzoate,
Propylene Glycol, Aqua, Squalane, Macadamia Integrifolia Seed Oil, Vitis Vinifera Seed Oil,
Tocopheryl Acetate, Calendula Officinalis Flower Extract, Bisabolol.
Начин на употреба:
Нанесете на сува кожа и нежно масирајте околу 20 секунди, додека шминката и
нечистотиите не се растопат.
Потоа, со влажни раце, продолжете да масирате додека микроемулзијата не се претвори
во млечна текстура, па исплакнете.
По употребата, кожата е мазна, мека и чиста, без чувство на затегање, подготвена за
следниот чекор во нега.
Она што треба да го знаете:
Без SLS, SLES, алкохол, синтетички мириси и бои.
Напомена:
За постигнување на максимален ефект на чистење, масирајте со кружни движења околу
20 секунди, за да се растопат сите типови нечистотии и себум.
Потоа, продолжете со влажни раце додека микроемулзијата не се претвори во млеко и
исплакнете.
За масна и комбинирана кожа, масажата може да трае подолго за подлабинско чистење
на порите.
Може да се комбинира со Key Molecule Jelly Cleanser во рамки на методот на двојно
чистење.





