MIRJANA JOSIFOSKA Classic Bucket Hat Шапка

Совршена за:
Секојдневни пролетни и летни излегувања, патувања или моменти кога барате удобност и стил во едно.

1,790.00 ден

SKU: Не е достапно Категории , , , , , , , ,

Опис

Современа интерпретација на класичната „bucket hat“ силуета, Classic Bucket Hat се издвојува со елегантен контрастен раб и суптилен везен монограм. Овој модел совршено ја спојува лежерната
софистицираност со префинетиот стил, создавајќи шапка која е идеална за секојдневно носење, но и доволно впечатлива за посебни моменти.

Детали:
• Надворешен материјал: 100% лен
• Внатрешна постава: 100% памук
• Контрастен раб во иста нијанса со везениот монограм
• Одржливо дизајнирана и етички произведена во Македонија*
• Достапна во три големини: 56 см / 58 см / 60 см
(големината одговара на обемот на главата во сантиметри)

*Што значи “одржливо дизајниранa” и “етички произведенa”?
– Одржливо дизајниранa: Нашите производи се создадени со длабока
почит кон животната средина, користејќи природни материјали, како и премиум
селектирани ткаенини набавени од локални, одговорни текстилни извори.
Применуваме техника на кроење “нула отпад“, со што се искористува секој дел од
материјалот внимателно и со цел.
– Етички произведенa: Секој производ е рачно изработен во нашето студио во
Македонија, под целосна контрола на условите за работа. Посветени сме на фер
плати, безбедна работна средина и одговорно производство, што ни овозможува
да го одржиме квалитетот и интегритетот во секоја фаза од процесот.

Начин на одржување:
• Рачно перење во ладна вода
• Не користете машина за сушење
• Сушете на рамна површина
• Не користете белило
• Пеглајте на средна до висока температура