Калифорнија Блуз

Автор: Милан Оклопџиќ
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика, Роман
Број на страници:
Година на издание: 2020

400.00 ден

Категории: ,

Опис

Првиот српски урбан писател, Милан Оклопџиќ, својот престој во Америка го опишал како патување низ таканаречената земја од соништата и сеќавање на времето поминато на Западниот Брег, и тоа како еден застрашувачки калифорниски блуз. Ова е роман што на многу начини претставува вистински книжевен настан, урнебесна „ода“ на златната митоманија на тогашното „свето тројство“ (секс, дрога и рокенрол), „ода“ на морбидниот и девијантен свет на „ветената“ Америка, напишан со филмска камера и сниман со обична машина за пишување под калифорниското сонце во друштво на бесмртните Хендрикс, Ферлингети, Корија…

Калифорнија блуз оставил длабок белег во растењето на многумина што го разбираат животот од една друга гледна точка и што не се двоумеле доброволно да се предадат на заводливата лековерност заради свое спасение.

„Јас не работам никаде, премногу сум лесен за тешка работа, премногу тежок за лесна работа и премногу секси за ноќна работа.“

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари. За нарачки под 1500 денари, испораката се наплаќа 110 денари. Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.