Најжешкиот едиторијал за ова лето… Така го најавивме со краток reel со моменти од сликањето. Идејата за овој едиторијал ни беше да прикажеме неколку летни стајлинзи со омилените парчиња од македонски дизајнери и брендови што може да се најдат во нашата концептуална продавница.
Не знаевме точно како го замислуваме, ама бевме сигурни само во една работа: стајлингот и фоткањето ќе ѝ го препуштиме на Јована Зука. Имаме среќа што оваа талентирана девојка, покрај тоа што ја познаваме приватно и ни е супер другар <3, соработува со нас од самите почетоци и ја сметаме за дел од срцето на URMA. Брзински се договоривме што сакаме, Јована совршено ни ја сфати идејата, ги склопи стајлинзите како што само таа знае и умее, направивме фитинг со Софија, Васе се погрижи за шминката и овој едиторијал го сликнавме на најжешкиот ден во Скопје, под отворено небо со сонце што пече директно во нас. 😊
Баш поради тоа можеме да го претставиме како НАЈЖЕШКИОТ ЕДИТОРИЈАЛ ЗА ОВА ЛЕТО. 😉
Уживајте во фотките.
П.С. Специјална благодарност до Елена која што ни ги отвори вратите на нашето омилено диско СЕКТОР 909 и Биби која ни беше асистент на сет 😊