MIRJANA JOSIFOSKA Catherine Mini Hat Шапка
Совршена за:
Елегантни излегувања, патувања или дневен изглед со софистицирана нота. Модел кој остава впечаток, без разлика дали го носите со или без марама.
2,190.00 ден
Опис
Мини верзија на шапката Catherine, со пократка стреа и метален отвор низ кој поминува марама. Инспирирана од стилот нa Catherine Deneuve, оваа шапка е дизајнирана за оние што преферираат посуптилен, но сепак впечатлив изглед. Марамата може да се носи и самостојно, како елегантен додаток.
Детали:
• Бел модел: 100% лен
• Кафеав модел: 56% ECOVEROTM, 22% памук, 22% лен
• Внатрешна постава: 100% памук
• Марама: 100% памук (може да се оддели)
• Везен монограм
• Одржливо дизајнирано и етички произведено во Македонија*
• Достапна во три големини: 56 cm / 58 cm / 60 cm
(Големината на шапката се однесува на обемот на главата во cm.)
*Што значи “Одржливо дизајниранa” и “Етички произведенa”?
– Одржливо дизајниранa: Нашите производи се создадени со длабока почит кон
животната средина, користејќи природни материјали, како и премиум селектирани
ткаенини набавени од локални, одговорни текстилни извори. Применуваме техника
на кроење “нула отпад“, со што се искористува секој дел од материјалот
внимателно и со цел.
– Етички произведенa: Секој производ е рачно изработен во нашето студио во
Македонија, под целосна контрола на условите за работа. Посветени сме на фер
плати, безбедна работна средина и одговорно производство, што ни овозможува
да го одржиме квалитетот и интегритетот во секоја фаза од процесот.
Оддржување:
• Рачно перење во ладна вода
• Да не се суши во машина
• Да се суши на рамна површина
• Да не се користи белило
• Пеглање на средна температура