URMA MINI Ролер за лице

Купи си еден MINI ролер за себе и уште еден со 50% попуст за подарок <3

Твојот нов најверен сопатник.

700.00 ден

На залиха

Опис

Реши ја подуеноста на лицето со нашиот мини ролер за лице, дизајниран за да го носиш со себе каде и да одиш. Направен е од Розев кварц, камен кој се смета дека е кристал на убавината и дека е поврзан со срцевата чакра-енергетскиот центар на љубовта, што го прави идеален за користење во твојата скинкер рутина за да го зајакне сјајот на твојата кожа и одвнатре 😊

Ако го користиш нашиот мини ролер редовно ќе го подобриш изгледот на кожата, ќе се ослободиш од напнатоста на лицето и ќе можеш фино да ги дефинираш и истакнеш цртите на лицето.

Како да го користиш мини ролерот ?

  • На претходно добро исчистено лице, нанеси масло за лице или омилениот серум за да го подобриш лизгањето на алатките низ лицето и да ја нахраниш кожата. Ние сакаме да ги користиме овие алатки со нашето масло за лице, URMAxPuraPerla, направено специјално за да се користи со нашите алатки за убавина. Купи го маслото тука.
  • Почни нежно да се тркалаш во пределот на вратот
  • Движи го ролерот нагоре кон линијата на вилицата и образите до линијата на косата
  • Користи го помалиот дел од ролерот за околу пределот околу очите. Во оваа регија мораш да масираш внимателно и нежно.
  • Повтори ги истите движења и на дргуата страна на лицето
  • Практикувај ја оваа масажа секој ден 5-10 минути
  • За да го исчистиш ролерот, користи само нежен сапун и вода и избриши го темелно
  • За подобар ефект, пред да ги користиш алатките чувај ги во фрижидер.

Информации за испорака

Скопје
Испораката е бесплатна за сите нарачки над 4000 денари. За нарачки под 4000 денари, испораката се наплаќа 150 денари.
Време на испорака: 2-15 дена во зависност од производот.

Останати градови во државата
Испораката се наплаќа 150 денари. Време на испорака: 2-20 дена во зависност од производот.